СРБИТЕ НЕ СЕ ПОЖЕЛНИ ВО ЦРНА ГОРА: Брнабиќ повикува да не се летува таму
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2020
Од 1. јуни Црна Гора ги
отвора границите, но Србија ја нема на списокот на земји од каде може да
допатуваат туристи. Ова предизвика остри реакции во Србија, по што премиерката
Ана Брнабиќ ги повика граѓаните да не патуваат летово во Црна Гора, односно да
не го користат годишниот одмор во таа земја.
Пред точно една недела црногорската Влада информира дека од 1.јуни ги отвора границите, но само земји каде бројот на заболени од корона вирусот е помалку од 25 на 100.000 луѓе. Па така на листата на држави за кои е дозволено да патуваат граѓаните се најдоа: Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија и Грција, но не и Србија.
По ова, српската премиерка во изјава за „Пинк“ вели дека Србите не се пожелни во Црна Гора.
-Би ги замолила граѓаните да останат во нашата Србија што е можно подолго и во поголем број и да не одат некаде каде што се непожелни“, изјави Брнабиќ за „Пинк“.