26 Април, 2024
0.0268

Србија забрани влез за странци кои доаѓаат од Италија, Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија

Објавено во: Балкан 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Владата на Србија на денешната седница донесе дополнителни мерки за спречување на ширење и контрола на заразното заболување Ковид-19, според препораките на српските епидемиолози и во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО), јави дописникот на МИА од Белград.

-Се воведува привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронарен вирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија, се наведува во соопштението на српската влада.

Во мерките е и препораката за строго почитување на забраната за патување на вработените во системот на здравствена и социјална заштита во Република Србија во земји со интензивно пренесување на КOVID-19 како и во жариштатат на епидемијата.

Во соопштението се наведува дека благодарејќи на навремената и одговорна реакција на здравствениот систем, бројот на лица кои страдаат од коронарен вирус во Србија е четири.

-Нема простор за паника и загриженост бидејќи Србија реагираше одговорно од самиот почеток и ги заостри контролите на граничните премини, особено на аеродромите. Упатствата на Светската здравствена организација и препораките на епидемиолозите се почитуваат, а некои од нив имаат лично искуство во справување со слични ситуации, се наведува во соопштението.

Српската влада ги повикува граѓаните исклучиво да ги следат советите на надлежните. Министерството за здравство на Република Србија со Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, мрежата на заводот за јавно здравје и надлежните здравствени установи ја следат епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот во Србија и во светот и во согласност со новите знаења и препораки на Светската здравствена организација, ќе издаваат соопштенија за јавноста и упатства за постапките на здравствените установи и другите надлежни органи и институции, соопштија од српската влада. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци