14 Февруари, 2025
0.0312

СРБИЈА ОЧЕКУВА ДА БИДЕ НАЈПРИВЛЕЧНА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА - од утре се применува системот на препознавање на работните дозволи

Објавено во: Македонија 04 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од утре, 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

-Утре е 5 март, така што ќе стапи на сила системот за препозвање на работните дозволи меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите, изјави Мали.

Тој кажа дека тоа ќе значи дека имате ситуација некој што има работна дозвола, на пример во Албанија, може да работи во Србија и обратно.

-Имајќи го предвид нивото на платите, нивото на развој и нивото на БДП, нескромно очекуваме дека најголемиот број луѓе ќе го најдат своето решение и желба да работат во Србија, рече Мали.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан прену нивниот национален портал за електронкса управа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски преку Минск планирал да избега во Москва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски преку Минск планирал да избега во Москва

ЛЕВИЦА: Со темата за промена на државниот грб, Мицкоски ја отвори Пандорината кутија

ЛЕВИЦА: Со темата за промена на државниот грб, Мицкоски ја отвори Пандорината кутија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту e разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту e разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

НАЈДЕНИ СЕ ПАПКИ И ДОКУМЕНТИ: Палевски планирал да замине во Москва

НАЈДЕНИ СЕ ПАПКИ И ДОКУМЕНТИ: Палевски планирал да замине во Москва

ПРЕДЛОЖЕНО Е ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ: ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола

ПРЕДЛОЖЕНО Е ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ: ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола

ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА СНИМКИ ОД ДОМОТ НА ПАНЧЕ ВО ПЕРИОДОТ НА УБИСТВОТО - одбраната не дозволи да се пуштат во судот, судењето за убиствата одложено

ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА СНИМКИ ОД ДОМОТ НА ПАНЧЕ ВО ПЕРИОДОТ НА УБИСТВОТО - одбраната не дозволи да се пуштат во судот, судењето за убиствата одложено

Пандов: Заврши дисциплинската постапка за двајца чувари кои му дале мобилен на Васо

Пандов: Заврши дисциплинската постапка за двајца чувари кои му дале мобилен на Васо

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

Министерството за правда достави допис до Владата за разрешување на Коцевски

Министерството за правда достави допис до Владата за разрешување на Коцевски