03 Мај, 2024
0.0317

Србија му го пресретнува патот на проектот „Голема Албанија“?

Објавено во: Балкан 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Србија на амбасадорите на членките на ЕУ им врачи „нон пејпер“ со четири барања поради тензиите во регионот и „легитимизацијата на проектот голема Албанија“, пренесоа српските медиуми.

Документот бил поделен на средбата на амбасадорите со министерката задолжена за европските интеграции Јадранка Јоксимовиќ и шефот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Во документот се изнесуваат четири барања, а првото е релевантните меѓународни играчи да ја осудат агресивната реторика која го турка Западниот Балкан во нови судири и поделби.

Се бара продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, избалансирано мирно политичко решение за кризата во Македонија и уважување на меѓународните норми околу почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитетот на меѓународно признатите држави.

Во документот, се наведуваат и најекстремните изјави на албанските политички лидери од почетокот на годината.

Ѓуриќ следната недела истиот документ ќе му го достави и на шефот на УНМИК на Косово, Захир Танин, со барање да му го проследи на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

На средбата присуствувале амбасадорите на речиси сите членки на ЕУ во Србија, вклучувајќи ги и петте држави што не го признаваат Косово.

На српските аргументи за агресивниот настап на Албанците во регионот и потребата за поголем ангажман на Брисел, дипломатите на ЕУ кажале дека сите страни треба да ги смират страстите. Велат дека целта е мир и стабилност во регионот.

Радикални изјави во последно време имаше од политички челници од Косово и од Албанија. 

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД