Србија ќе воведе санкции за Русија?
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2023 14:22
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ навести можни санкции за Русија.
Дачиќ спомена дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции кон Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во ЕУ, пренесува ЕУРОАКТИВ.
„Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и на тој начин гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции кон Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси“, изјави српскиот министер.
Србија е една од ретките држави која не воведе санкции за Русија. Многу странски земји бараа Србија да не седи на две столчиња, односно да се одлучи дали планира да оди во ЕУ или ќе негува добри односи со Русија. Санккците се воведени со цел Русија финансиски да биде погодена и војната да запре.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




