СРБИЈА ГЛАСА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: До 10 часот излезеност 10,56%
Објавено во: Балкан 02 Април, 2017
Во Србија во 7 часот се отворени избирачките места ширум земјата за претседателските избори на кои право на глас имаат 6.724.949 запишани избирачи.
Во трката за претседател се 11 кандидати.
Граѓаните избирачкото право можат да го остварат на 8.396 избирачки места до затворање на избирачките места во 20 часот до кога трае и изборниот молк.
За гласање на Косово и Метохија РИК одредила 90 избирачки места, на кои се запишани 105 929 избирачи.
Во заводите за извршување на заводски санкции има 29 избирачки места каде може да гласаат 9.326 избирачи.
На 53 избирачки места во странство избирачкото право може да го искористат 11 590 државјани на Србија, а гласањето вчера е завршено во Велика Британија, Канада и САД.
Избирачите избираат помеѓу следните кандидати: Сашо Јанковиќ, Вук Јеремиќ, Мирослав Паровиќ, Сашо Радуловиќ, Лука Максимовиќ, Александар Вучиќ, Бошко Обрадовиќ, Воислав Шешељ, Александар Поповиќ, Милан Стаматовиќ и Ненад Чанка.
Излезеноста на гласачите до 10 часот била 10,56 отсто, соопштила Републичката изборна комисија, без податоци за Косово и Метохија.