14 Мај, 2024
0.0257

Спремни ли сме? Школи и градинки денеска плаќаат 808 евра за еден мегаватчас струја!!!

Објавено во: Економија 30 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Многу наши училишта и градинки, јавни установи, агенции, дирекции и министерства струјата што ја трошат денеска ќе ја платат по неверојатни 808 евра за еден потрошен мегаватчас електрична енергија! Тоа е новата рекордна цена за мегаватчас која вчера беше постигната на унгарската државна берза ХУПЕКС. А оваа цена е референтна дневна цена вклучена како основа за пресметка на дневната цена по која речиси сите снабдувачи им ја наплаќаат на нашите институции и компании

Цената на еден мегаватчас струја на нашата референтна берза во Унгарија вчера достигна нов рекорд! Денеска повеќе од 100 наши институции вклучувајќи ги сите училишта во општините Центар, Сарај, комуналните претпријатија во Кочани, Охрид, Скопје други установи, министерства, државни агенции и инстанци ќе платат, верувале или не, 808 евра за еден мегаватчас потрошена струја и згора на тоа провизијата за снабдувачот како и ДДВ од 5%.

Цената на електричната енергија на берзата ХУПЕКС во Будимпешта вчера постави нов рекорд. Струјата што ќе се испорача денеска, а е купена на таа берза, чини 808 евра за еден мегаватчас. Таа е просечната цена. Во текот денешниот ден има часови во кои цената на струјата надминува 1.000 евра за мегаватчас, а доказот го имате на следниот линк https://hupx.hu/en/  во графиконот под табеларниот приказ.

За денеска на берзата ХУПЕКС се истргувани над 58.000 мегаватчасови електрична енергија (количина двојно повисока од тоа што го троши цела Македонија во денови со најголема потрошувачка).

Освен училишта и градинки, институции и установи многу компании кои струјата ја плаќаат по референтната цена на ХУПЕКС ќе ја платат оваа цена за нивната работа денеска.

Бизнис секторот како никогаш досега е обединет во своите апели и барања до Владата да превземе мерки за да им помогне во надминување на оваа исклучително тешка состојба со која се соочува стопанството. Тие бараат дел од домашните капацитети за производство на струја да се вклучат во снабдување на бизнис секторот со што ќе им помогнат во намалување на ценовниот шок што им го приредува ХУПЕКС.

Повеќе на темата од колумната на извршниот директор на „Макпрогрес„ https://faktor.mk/pat-kon-propasta

Повеќе детали на условите под кои снабдувачите им продаваат на државните и општински институции, установи, агенции, дирекции и компании на следниот линк https://time.mk/javni/?start_datum=01/01/2022&end_datum=29/08/2022&opis=%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0%20%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0&page=2

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра