Спречен шверц на јагниња наменети за извоз во Албанија
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2024 13:44
Инспекциските служби на агенција за храна и ветеринарство
(АХВ), во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден спречиле нелегален промет на јагниња, чија крајна цел била илегален извоз во Република Албанија.
- Во координирана акција со инспекторите МВР, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од страна на инспектори од АХВ, утврдено е дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните - наведуваат од Агенцијата во соопштението испратено до медиумите.
Притоа појаснуваат дека, согласно дадената изјава на транспортерот животните се со потекло од населено место во Прилеп.
- Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.
Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење - посочуваат од АХВ.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




