Спортската јавност во шок: Директорот на фудбалската репрезентација му бил соработник на Штекли
Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 09:59
Спортската јавност во Македонија е во шок, откако вчера медиумите објавија дека е уапсен и притворен директорот на сениорската македонска фудбалска репрезентација Дени Масев.
Тој наводно бил дел од групата Реде Трајковски – Штекли кој претходно беше уаспен поради сомнение за трговија со дрога. Спортската јавнсот е во шок по оваа информација, ако се знае дека тој беше дел од раководството кое придонесе Македонија за прв пат да игра на едно Европско првенство во фудбал.
Во јануари во полициска акција по наредба на Обвинителството за организиран криминал Штекли беше лишен од слобода. Тој се сомничи за трговија со дрога, а МВР и Бирото за јавна безбедност продолжија со потрага и апсење на целата група која тој ја предводел.
Штекли има богато криминално досие, се поврзуваше со нарко групата „Барон/Беланоца“ и преживеа три обиди за ликвидација.
Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) дури вчера соопштија дека Масев е разрешен од оваа функција, дури откако медиумите објавија дека е во притвор.
„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација.
Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица.
Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата.
Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, се вели во соопштението на ФФМ.
Тој на директорската функција на А-репрезентацијата беше именуван од 2018 od претходното раководство од кое беше разрешен во октомври минатата година, а на почетокот на јануари на истата функција беше назначен и од новото раководство на ФФМ.
Во кариерата имал пет настапи за националниот тим, а играл за Беласица, Вардар и украински Металург.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




