СПИЈАТ ВО ШАТОРИ, ВОДА ИМ НОСАТ СО ЦИСТЕРНИ: Турците кои останаа без домови преживуваат голгота
Објавено во: Балкан 07 Април, 2023 15:08
Tурските граѓани кои останаа без домови по силните земјотреси на почетокот на февруари годинава, уште се во шатори, каде условите за живот се лоши и немаат доволно тоалети.
Ахмед Кумал, на новинарите им ги покажа урнатините кои некогаш биле нивниот семеен дом. Тие биле заробени под него седум часа. Нашле доволно голема дупка преку која е спасено целото семејство – татко, мајка, близнаци (3) и два сина (5 и 8). Сега спијат во импровизиран шатор што Ахмед го поставил во провинцијата Хатај. Таму над 900.000 луѓе живеат надвор од своите домови. Семејството на Ахмед спие во една соба, на донирани душеци, а во друга соба се капат и готват. Вода им се носи во цистерни. Турските власти имаат намера за една година да изградат 319 илјади нови згради. Во земјотресите, над 50.000 луѓе загинаа само во Турција, а неколку илјади жртви има во Сирија.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




