29 Април, 2024
0.0247

Спектатор: Буџетот ќе го прати Али во пензија, Бранко во планина, а Лиле во аналите!

Објавено во: Анализа 29 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Али Ахмети како македонски Че Гевара досега конкурираше да влезе у аналите на историјата како најјак револуционер устав што мења кога ќе му текне. Ама богами сега може да влезе и у аналите на ВМРО како еден од најистакнатите бранители на буџетот. Пошто, знаете како е, онаа бандата од СДСМ кога ќе се намерачи нешто да направи, опасни се, а буџет на коалиционен партнер мора да се брани. Оној Шема ако го гледате мал, пустиот жилав е, а да не говорам за Шеќерка која  е изразито опасен лик, со европско искуство во тепањето. И Наташка богами е онака, заебано ратоборна. У гужва, она штипе испод колено, да не знаеш кој е. Видовте како му ја истури водата на Трајко, као „нисам ја одавде“. Да не зборам за Бишевац Сафет, кој веќе војуваше како специјални изасланик пред Влада. Сега затоа, му ја думам, дали денес треба да се нарушува удобството на домашната апатија и топлото парно што ми го испорачува државата, за да идеме пред ВМРО, ем Буџет таму да мењаме. И плус ќе си пуштиме Сител и МТВ за да ни е поубава предиграта за Нова година. А, што убаво вчера си се задолживме со 300 милиончиња, а ова хушкачиве од СДСМ пак сакаат да викаат дека тоа не било добро. Е зашто да не е добро? Со 300 милиони пензии се покачуваат, земјоделци смиируваат,  социјалци спинуваат, вмровци да се радуваат.  И после не чинело. А, за таа мала група педера, само чао. Каква Бела Чао, какви партизани, гледаш и на Али на планина не му се иде веќе, па што остануе за другите. Туку ај ќе видиме, има време за до жолтата куќа, а и онака е тука блиску, у центар. Инаку за у аналите на ВМРО има и други ликови. Постојат одредени политички фигури што отсекогаш сум ги поштуел. Еве Лилето од зелените на пример. Мајка, жена, Свекрва, Снаа што ли све не е жената. Успешна, у парламент влегла, партија раководи, заменичко министерско место у животна средина има.... Во Буџет се разбира.  Браво Лиле. Шо да се каже. На Маринела од неодамна и е прва другарка, Тушева, онаа од СДСМ што тајно снимаше како колегите пратеници вооружени до заби го нападнаа сиротиот Трајко, и собраниското обезбедување, ем Алфите, тигрите, и тие другите зверки што почнаа да лазат по парламентот. И Лилето, за да ја спаси Маринелче од нејзините колеги и го грабна телефенот, пошто ако ја видеа колегите дека таа тајно ги снима у нивниот поход врз голорукиот ВМРО вски народ, ќе настрадаше пустата, од таа рака на СДСМовската банда.  Затоа и Лиле влегува во аналите на ВМРО. А, таму нема место само за пратениците. Сериозна конкуренција си прават Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ и Бранко Ѓорчев. Не знае човек да каже кој направи подобра увертира за оружениот напад на СДСМ во собранието од кој ВМРО мораше да се брани. И сега некои ги обвинуваат дека тие глумците биле главни спинери за тепачките во Спобранието. Бре, тие си се само глумци. Имаат ликови разни, за една или друга употреба. На пример у турските серии на Велија најмноги ги сакаа Онур, Керем, Шефкет, Али Риза. Тоа си е работа. За пари. Како и секоја работа што е за пари.