Спасовски за 1 Мај: Оддаваме огромно признание на сите работници во земјата
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2020 09:42
Премиерот Оливер Спасовски вели дека оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од коронавирусот.
Додава освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата на Република Северна Македонија го стави здравјето на сите граѓани на врвното место во борбата за справување со коронавирусот и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето.
„Вонредната состојба и коронавирусот нема да не спречи да го славиме трудот на работничките и работниците затоа што тие се силата за развојот на нашето општество.
Затоа креиравме мерки кои во врвот на приоритетите ги ставаат одржувањето на работните места и платите на вработените. Изразуваме наша голема благодарност за придонесот на работничките и работниците и во овие услови да учествуваат во одржливоста на стопанството и виталните дејности на нашата земја. Овој вонреден напор, труд и ангажман на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата. Во име на Владата, им оддавам огромно признание на сите работници во земјата кои уште еднаш ни ја покажаа вредноста на трудот и на солидарноста. Посебна благодарност упатувам на здравствените работнички и работници, како и на вработените во полицијата и армијата, кои од првата линија на справувањето со кризата, ги создаваат условите да го уредиме нашето секојдневие во новата нормала и за напредок на нашата држава“, вели Спасовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





