Спасовски: Секој граѓанин треба да биде среќен што ќе можеме да станеме дел од НАТО и EУ
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по денешното гласање на гласачкото место во Куманово изјави дека ова е историски ден за нашата држава.
Вели дека секој граѓанин треба да биде среќен што ќе можеме да станеме дел од НАТО и Европската унија и да ги оствариме вековните идеали.
„Очекувам да имаме мирен ден, да имаме демократска, цивилизирана атмосфера во која граѓаните самостојно ќе ја носат одлуката. Секој граѓанин ќе го каже својот став за Македонија и за иднината на нашите деца“ – рече Спасовски.
Министерот Спасовски рече дека гласањето почна без поголеми проблеми.
Ако се случи да има нарушување на процесот на гласање, Спасовски вели дека ќе интервенираат затоа што никој нема право да го загрозува процесот на гласање и никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин.