Спасовски: Преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023 20:29
Првиот човек на македонската полиција, Оливер Спасовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека преку VPN е многу тешко, скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат лажните дојави за бомби.
Тој вели дека ова е дел од таа хибридна војна што се води.
„Мислам дека токму сега е избран тајминг кога имаме и состојба во која што имаме висок ризик за организација на настан“, рече Спасовски.И денеска имаше лажни дојави за бомби во училишта во Скопје. Претходните месеци, лажни дојави имаше во Скопје, Куманово, Битола, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка.
Но, полицијата претходно откри дојавувачи и тоа малолетници од Скопје, Кавадарци, од прилепско, жена од Скопје и маж од Тетово.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




