Спасовски: Четвртиот сет економски мерки веднаш по формирањето на Влада
Објавено во: Македонија 27 Август, 2020 14:51
Оливер Спасовски денеска ја одржа последната прес-конференција како технички премиер во заминување и најави дека четвртиот сет на економски мерки за справување со последиците предзвикани од пандемијата ќе бидат донесени и имплементирани веднаш по формирањето на новата Влада.
Пакетот за зголемување на јавната потрошувачка ќе биде за пензионерите кои имаат пензии до 15 илјади денари, за невработените кои не се пријавуваат во Агенцијата за вработување и за самохраните родители.
„Преку трите сета економски мерки за засегнатите групи граѓани и погодените сектори, туризмот и угостителството поделени се домашни платежни картички за купување македонски производи и ваучери за домашен туризам. За бизнисите овозможени се бескаматни кредитни линии. Се подготвува четвртиот сет мерки со кои што ќе биде проширен опфатот на граѓани и бизниси кои што ќе добијат финансиска поддршка од државата“, рече Спасовски.
Тој најави дека четвртиот пакет нема да содржи само платежни картички за граѓаните, туку ќе има и мерки за бизнисите.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




