Спасовски - Вархеји: Преговорите да почнат час поскоро
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020 15:38
Влегуваме во еден важен период, во кој очекуваме важни исчекори, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.
Тој дојде во Владата на средба со техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Спасовски се надева дека нашите заслуги ќе бидат наградени иако со одложување.
Вели дека одлуката за пристапни преговори, треба да се донесе што е можно поскоро.
„ЕУ отсекогаш била и останува наш чесен и искрен пријател на патот кон ЕУ“, рече Спасовски.
Техничкиот премиер вели дека е потребно отворање на преговорите час поскоро.
Спасовски ги информирал комесарот за работата на техничката Влада и за подготовките на фер избори.
За Вархеји ова е прва посета на регионот, и на Македонија откако стапи на функцијата.
„Мора да ги забрзаме процесите, да вметнеме една динамика“, вели тој.
Порача дека Македонија мора да работи. Додаде дека мора да се почнат преговори на пролет.
„Но, тоа нема да го надмине економскиот јазик меѓу нас и вас“, додаде комесарот.
Вели дека откако ќе почнат преговори, предизвиците за Македонија ќе бидат уште поголеми ако сака да биде земја членка на ЕУ.
Нагласи дека приоритет треба да биде даден на Законот за јавно обвинителство, но и да се почитува Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




