СОВЕТНИК ОД ОН СО ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: Трета светска војна е во тек!
Објавено во: Свет 27 Март, 2017
Советник на Советот за човекови права на ОН Жан Циглер оценува дека трета светска војна е веќе во тек.
Тој укажал дека 54 милиони луѓе минатата година се убиени во војна, умреле од глад, загадени води или од веќе други победени епидемии.
Вели дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал.
„Олигарсите на 500 најголеми концерни контролираат 52,8 отсто од светскиот брутален социјален производ. Тоа е моќ која ја нема ниту еден крал, цар, папа. Концерните не се под државна контрола и следат само една стратегија-максимирање на профит“, рекол Циглер.
Укажал дека, и покрај парцијалниот напредок во намалување на жртвите од сиромаштија, и понатаму од 7,3 милијарди една милијарда луѓе перманентно се изложени на глад, што е последица како што вели, на „канибалскиот светски поредок“.