Советниците на Заев му станаа соработници на Ковачевски, Владата им ги објави платите
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023 20:35
Владата ги објави платите на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата, покрај оние кои досега беа познати како надворешни советници.
До сега единствено беа познати имињата и месечните приходи на 13-те надворешни соработници на премиерот Димитар Ковачевски, кои во меѓувреме станаа 15.
Објавени се платите и имињата на уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати.
Пред една година Ковачевски објави дека првично гломазната листа од преку 50 советници на неговиот претходник Зоран Заев ќе се скрати на само 13 надворешни соработници. Но на новите листи, голем број на поранешни советници на Заев сега се впишани како соработници на Ковачевски.
Љубе Бошковски и Аксел Ахмедовски и натаму се советници и дури и платите им се зголемени за околу 2.000 денари. Поранешните советници во кабинетот на Заев - Виктор Андонов и Милан Живковиќ, сега се соработници, додека кај секторот за комуникации може да се прочитаат 15-тина главно поранешни новинари.
А.К.




Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




