Советници на Општина Битола нападнати во кафана на предновогодишно дружење, тројца уапсени
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2022 12:13
Три лица се уапсени од полицијата, откако сакале физички да се пресметаат со советници од Општина Битола, додека овие биле на предновогодишна прослава, која, како што велат, си ја платиле од сопствени средства, за што како доказ постои и фискална сметка.
Имиња не се соопштуваат, а единствено познато е дека се синоќа околу 21.20 часот во угостителски објект во Битола приведени се А. Т.(48), А. Т.(26) и М. Т.(27), сите од Битола.
Тие се однесувале агресивно кон советници од Советот на Општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив, соопштија од МВР.
Предновогодишната прослава била организирана синоќа по одржаната седница за усвојување на буџетот на Општина Битола.
Приведените се однесувале агресивно и кон полициски службеници, по што биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




