Добивај вести на Viber
Работното место треба да биде катче каде вложувате енергија, напредувате, учите нови работи, се соочувате со нови предизвици.
За да ја сакате работата, да уживате во неа и да имате успешна кариера, треба да ги следите следниве совети:
-Научете да комуницирате со колегитe и претпоставените и секогаш бидете искрени со нив
- Побарајте помош кога е потребно од колегите, истата ценете ја и возвратете на ист начин за да изградите имиџ дека сте колегијални
-Бидете вредни, со позитивен став и додека сте на работа „купувајте“ знаење
- Не се откажувајте да ги завршите зададените задачи, туку вложете напор да ги завршите обврските
-Создајте врски со луѓе во вашиот сектор надвор од вашата компанија. Учествувајте на семинари и обуки секогаш кога ќе имате прилика
-Поставете си реални и остварливи цели за кариера. Бидете вредни и посветени во својата работа
-Избегнувајте да учествувате во групни озборувања на работното место
-Пробајте да ги поделите своите задачи на приоритетни и оние кои можат да почекаат и не се врзани со рокови