09 Мај, 2024
0.0283

Сотировски за економските мерки на Владата: Проблемот се решава кога ќе се утврдат и последиците !

Објавено во: Економија 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сотир Сотировски, сопственикот на брендовите „Југотон“ и „Три Стар“, е незадоволен од предложените економски мерки од страна на Владата во вонредна ситуација кога голем број на разнни дејности се соочуваат со криза во своето работење.

Тој смета дека државата сеуште нема констатирано колкава е реалната штета во стопанството, и кои би биле последиците од оваа состојба. Сотировски вели дека за многу краток период се настанати огромни штети во стопанството кое, и онака кревко и нестабилно се соочува со целосен колапс, а ова секако може да не вовлече и во рецесија од која би се извлекувале долг период.

Не се сложувам дека поради состојбата со Корона вирусот се погодени само туристичката, транспортната и угостителската дејност. Еве и да се, покрај нив со финансиски проблеми се соочуваат и бизниси кои соработуваат со операторите во овие дејности. Но, државата мора да се сложи и со фактот дека освен производствените дејности, на силен удар се и услужните дејности, а воопшто не ги споменува. Тоа не се мал број компании кои вработуваат сериозен број стручен кадар за кој само трошоците за плата и придонеси се огромна ставка во вкупните расходи.

Не треба да си голем економски експерт за да констатираш дека се соочуваме со сериозен проблем, вели Сотировски. Тој за „Фактор“ вели дека мерките, особено оние за бескаматно кредитирање, нема да ја подобрат ситуацијата на неговото и многу други мали и средни претпријатија, особено оние кои и онака тешко се справуваат со ликвидноста. Затоа, пред да се излезе со првите економски мерки и какви импликации ќе предизвикаат, односно дали ќе се решат проблемите на компаниите со овие мерки, мора да се утврдат проблемите со кои се соочува реалниот сектор и да се предвидат последиците од оваа несакана состојба, па дури потоа да се понудат мерки кои ќе ја санираат состојбата и ќе ги решат проблемите. Во ниту еден момент не почувствував сигурност и охрабрување од страна на државата кон стопанството на прес конференцијата за првите економски мерки.

- Во Грција одлучено е директно да се вбризгува неповратна финансиска помош кај засегнатите дејности и државата реагира со повеќе од 3 милијарди евра помош за стопанството, додека во Србија е прогласен мораториум на плаќање на јавните давачки, кредити, заеми и лизинг. Ова се мерки кои навистина можат да помогнат, а не кредит кој треба да го враќам по извесен период, а истовремено веќе сум задолжен со други претходни инвестициски кредити и кредити за да ја одржувам ликвидноста. Овој кредит кој јас како претпријатие со 18 вработени би можел да го подигнам од 5 до 15 илјади евра значи дека наместо нечија плата ќе треба да исплаќам уште една рата. Тоа значи дека ќе треба да го намалам бројот на вработени и кога ќе се погледне суштински изегува дека ние нема да можеме да се извлечеме од тешката ситуација. Од Народна банка велат дека имало 3 милијарди евра девизни резерви, но нам тоа ништо не ни значи. Тоа е затоа што државата нема пред себе реална слика за стопанството. Не може да се каже дека ќе го помогнеме транспортот и туризмот и да се остане само на тоа, вели Сотировски.

Вели дека неговата компанија за многу краток рок западнала во тешка ситуација, ососбено со откажувањето на концертите и другите јавни настани кои ги организира токму тој.

- Прометот во последните неколку дена е во слободен пад, но тука велам за сите дејности што ги остваруваме, а не само продажбата на билети. Тука се маркетинг услугите и организацијата на настани, а секојдневно губам клиенти. Тикетинг системот треба да ги рефундира парите , а и за тоа имаме дополнителни трошоци. Во прашање се повеќе од 10.000 билети. Платите и работните места се несигурни. Затоа велам дека оваа еднократна помош со кредитите нема да ги санира штетите. Особено што се очекува ваквата ситуација да трае подолго време и рецесијата да се зголемува, смета Сотировски.

Додава дека не го интересира политика и дека ова што го зборува нема политички мотиви, туку како што вели тој, станува збор за реален проблем. На Владата, како најодговорен државен орган во справувањето со кризата, и порачува да направи подетална анализа, а не површна како што, според него, се користи сега.

Кога сме кај мерките кои мора да се превземат за да опстане стопанството, сигурен сум дека има начин, а единствено државата може и мора да ги донесе и спроведе тие мерки. Тие мерки мора да важат за сите компании, без оглед на дејноста, бројот на вработени, прометот и добивката, а откако ќе заврши состојбата со Корона вирусот, повторно да се сумираат резултатите и последиците, па дури тогаш да се направи порамнување и раздолжување кон државата доколку е тоа потребно и има услови за тоа.

Како прво, треба да се воведе мораториум за плаќање на даноци, мислам на ддв, данок на добивка и аконтации на данок од добивка до целосно завршување на кризата со Корона вирусот, а не само стопирање на плаќањето аконтации на данок од добивка на три месеци, поради тоа што огромен број компании на крајот на годината ќе бележат загуби во своите завршни сметки за тековното работење во оваа година.

Второ, под итно да се воведе мораториум на плаќање на кредити, заеми и лизинг до завршување на кризата, односно да се даде дополнителен грејс период и да се продолжи рокот на исплата на кредитите. Народната Банка на РСМ може да даде препорака на комерцијалните банки да го одобрат ова, а тие согласно презентираните финансиски резултати секако дека можат да издржат неколку месеци додека помине кризата, со цел спас на стопанството од кое заработуваат и банките.

Трето, под итно да се стопира плаќањето на придонесите и да се исплаќа само нето плата, без ограничување дали некоја компанија го намалува бројот на вработени или не, до завршување на кризата.

Четврто, да не се пресметуваат затезни камати за задоцнето плаќање јавни давачки и комуналии до завршување на кризата и да се забрани исклучување на услугите за кризниот период од страна на операторите.

Петто, под итно да се направи ребаланс на буџетот и да се пренаменат средства за итни потреби за оние кои директно се соочуваат со решавање на проблемот со Корона вирусот, пред се да се интервенира во здравството, полицијата, одбраната, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи доколку е потребно, а со цел обезбедување материјали и опрема за успешно справување со оваа состојба.Во вонредна состојба сме, ребалансот може да го направи владата и без Собранието.

На вчерашното интервју Претседателот Пендаровски изјави дека оваа криза може да ја чини државата околу 700 милиони евра, а се надевам мислеше и на стопанството. И секако овие пари државата може да ги обезбеди од кредити и фондови, па макар и да се зголеми јавниот долг. Тоа е подобро отколку да крахира стопанството и да влеземе во рецесија од која тешко ќе излеземе, а многу компании ќе пропаднат. На располагање се кредити за итно финансирање од ММФ, или Rapid Financing Instrument без формално склучување посебен аранжман. Буџетскиот дефицит и јавниот долг ќе го намалуваме во подобри времиња.

Ефектот од овие мерки сметам дека ќе биде позитивен за стопанството, но и за државата, поради тоа што доколку се намали или уништи приватниот сектор, огромен негативен ефект ќе чувствува и државата, односно ќе се соочи со неможност за наплата на буџетските приходи, а со тоа во криза ја става и јавната администрација, фондовите за здравствено и пензиско осигурување....

- Ова е чисто бизнис ние што го работиме, со нула политика. Никогаш досега јавно не сум критикувал одлуки во политиката и економијата, но ова е сега мачкање очи. Можам да кажам дека начинот на кој државата се справува со корна вирусот е за пофалба, но од друга страна, сликата што ја имаат за итните потреби на некои стопански дејности е нереална. Само денеска можам да ви потврдам дека „Југотон“ ја затвори продавницата, а од пред некој ден истот го направи и конкуренцијата. Нивните барања да не се намалува бројот на вработени е невозможен. Мора да се направи подетално истражување на реалниот сектор, а тековните мерки се недоволни за системот да не крахира. Мора да се смени пристапот, а ако не, јас таквите нивни мерки не ги прифаќам, вели бизнисменот.

Се наоѓаме во најтешката криза од осамостојувањето до денес, а општ интерес е излез од оваа состојба. Секоја чест за докторите, медицинскиот персонали органите за безбедност. Посакувам што е можно побрзо завршување на оваа состојба и успешно справување со вирусот.

Препорачувам Владата да излезе со порадикални и прифатливи мерки за санирање на безизлезната состојба во стопанството. Секако очекувам да бидат прифатени и оние кои ги предложив. Ние како бизнисмени во секое време Ви стоиме на располагање.

Сотир Сотировски


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните