05 Мај, 2024
0.0227

Соочување со стравовите за време на бизнис криза

Објавено во: Колумни 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Жарко Димитриоски е автор и водител на најпопуларното домашно ток-шоу “Еден на Еден” и креативен директор во истоимената маркетинг агенција . Секој вторник ви ги пренесуваме неговите пораки во однос на бизнисот, маркетингот и претприемништвото кај нас. Кога сте сеуште на почеток, како претприемач мора многу и да жртвувате. Но, кога сте кратки со пари, не паничете. Еве како да го одржите Вашиот бизнис во функција. Успешното соочување со Вашите стравови бара многу повеќе од само правилен став и силна волја. Стравот е одговор на Вашиот мозок на реални закани. Стравот кој Ве вознемирува кога се соочувате со предизвик е исто толку реален колку и светлото кое секојдневно Ви поминува низ зеницата на окото и Ви овозможува да го гледате светот наоколу. Во нашата маркетинг агенција многупати сме се соочиле со стравови. Дали тоа било заради незатворени договори околу нашето ток-шоу “Еден на Еден”, заради реструктуирања во организационите структури на некои наши поголеми клиенти или нивна продажба на трети фирми што автоматски значи сериозно загрозување на нашата соработка со нив и сл. Не е важно од каде доаѓа стравот, важно е како се препознава и како се дејствува врз него. Занемарувањето на стравот е како да сте решиле да бидете слепи. Од друга страна пак, победата врз стравот не е воопшто магија или некаква телепатија, туку најмногу е поврзана со „вооружување“. Знам повеќе случаи на комании кои се соочиле со тотално исчезнување од нашава бизнис мапа, па сепак преживеале да ми раскажат како успеале во тоа. Генерално кај сите заклучувам дека слично како и кај организмот кој си купува време додека се бори со хипотермија, најпрво ги исклучуваат сите неесенцијални функции. Порано ги прекинуваат волонтирањата, ги кратат нивните плати и го задржуваат само основниот персонал и функции. Ако раководството и клучните луѓе с е мудри, веќе ќе имаат некоја заштеда што и тоа како ќе им се најде во вакви моменти. Главното прашање е - Како да го водите бизнисот ефективно кога вашиот инстинкт за преживување ви вели БЕГАЈ? Ова се трите клучни „оружја“ кои помагаат да се соочите со Вашите стравови со цел да ја спасите својата компанија:
  1. Кога сте во ситуација на куче во ќоше со избор “да се борам или да се борам”, не само што мора да ја евалуирате моменталната ситуација, но мора и внимателно да го разгледате она за што се борите. Клучно е да ја најдете вашата мотивација! Дали сакате да се борите за бизнисот како што би се бореле за Вашето семејство доколку не дај боже е во криза или сл. Наоѓањето на мотивацијата од Вас ќе извади капацитет кој не сте биле ни свесни дека го поседувате.
  1. Било каква додатна информација го прави стравот појасен и Ве прави посвесни за него и за тоа дали треба да се плашите или не од тоа што Ви изгледа страшно во моментот. Ако знаете дека змијата не е отровна, не и се плашите толку или ако знаете дека грмотевиците не се бесот на боговите, не им се плашите толку, секако... Затоа, копајте информации, но гледајте да се проверени. Новинарското правило на кое не учеа на факултет, најпрво да се проверат два или три извори е доста корисно и во повеќе други моменти, како што е овој.
  1. Како што многу храбри луѓе од историјата би потврдиле, кога ќе надојде адреналинот секоја доза на страв има тенденција да исчезне. Стравот е корисен за да Ве натера да превземете акција. Некогаш со помал, некогаш со поголем ризик, но на крајот само акцијата ќе доведе до реакција т.е. во случајов, чекор кон подобри денови за Вашиот бизнис.

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина