СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ НА ХАЛКИДИКИ: Српски туристи казнети со 200 евра!
Објавено во: Финансии 31 Мај, 2025 22:30
Дека грчката полиција не толерира повеќе никакви сообраќајни прекршоци, говори и денешното сведочење на српски туристи, кои во обид да свртат кон своето сместување од улица, заработиле казна од 200 евра.
Целиот инцидент се случил на Халкидики, а беше објавен на фејсбук страницата Никана.гр.
Еден пар туристи од Србија бил казнет со 200 евра откако свртеле од главниот пат кон нивното сместување, што било евидентирано како сообраќаен прекршок. Иако казната била веднаш платена, според нивната изјава, грчките полицајци не им ги вратиле веднаш документите, туку ги задржале да чекаат.
Случајот предизвика бурни реакции и бројни коментари на социјалните мрежи, особено меѓу туристите кои планираат одмор на Халкидики. Многумина предупредуваат дека контролите оваа година се построги од кога било и апелираат до возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат сите сообраќајни правила.
Српските туристи предупредуваат на лошо обележани патишта и зголемена внимателност.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




