СОНЧЕВО ДО 14 ЧАСОТ, ПОТОА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Попоски алармира на опасност од локални поплави
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2023 07:36
За денеска од 14
часот па се до вечерните часови се најавени поројни дождови. Славчо Попоски
прогнозира дека вакво време не очекува и во наредните десеттина денови,
бидејќи, нашата територија се наоѓа под влијание на голема влажна и нестабилна
воздушна маса од Медитеранот.
-И во следните 10-тина денови од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, процесите локално ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Напоменуваме дека во следните 10-тина денови локално низ македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2). Препорачуваме крајна претпазливост и тоа поради опасност од локални поројни поплави, вели Попоски.
И во Скопје и околината ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на невреме во делови од котлината.
-Температурите ќе бидат без поголеми промени, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат повремено и над малку над 26 степени, прогнозира тој.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




