25 Април, 2024
0.0264

Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2023 година

Солидни оперативни резултати со исклучителен обем на продажба и зголемена прилагодена ЕБИТДА во услови на намалени меѓународни цени на горивата

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber


Силни оперативни резултати ја одбележаа 2023 година, покажувајќи значителен напредок во деловното работење, особено кога ќе се земе предвид падот на меѓународните цени на суровата нафта и на дериватите, кој е резултат на  случувањата во поширокото макроекономско опкружување, поблагите временски услови и доволната глобална понуда на нафтени деривати, по пренасочувањето на извозот на руските производи кон пазарите надвор од Европа откако беа воведени новите европски санкции.

Силните резултати постигнати во текот на годината ја потврдија деловната стратегија на компанијата која раководството дисциплинирано ја спроведува во изминатите години. И покрај конкурентното опкружувањеполно со предизвици во кое делува компанијата, таа успеа да ја задржи лидерската позиција на пазарот со 70% пазарен удел во Република Северна Македонија и 36% пазарен удел во Косово на крајот на 2023 година, што доведе до зголемување на продажбите од 3% споредено со 2022 година.

 Најзначајни остварувања во четвртиот квартал и 2023 година

·  Прилагодената ЕБИТДА за фискалната 2023година достигна 774 милиони денари,што претставува зголемување од 8% споредено со истиот период минатата година, а е резултат на зголемениот обем на продажба на двата пазари на кои компанијатаработи.

·  ЕБИТДА достигна 537 милиони денари, пониска во однос на 910 милиони денари остварени во 2022 година. Намалувањето главно се должи на позитивниот ефект на вреднувањето на залихите од 192 милиони денари забележан минатата година, наспроти негативниот ефект од 237 милиони денари во фискалната 2023 година. Добивката пред оданочување изнесува 220 милиони денари.

·  Приходите од продажба се на ниво од 49.236 милиони денари во фискалната 2023 година, што претставува намалување од 18% во споредба со истиот период минатата година, поттикнато од падот на меѓународните цени на горивата. Приходите од продажба во четвртиот квартал од 2023 година изнесуваат 13.100 милиони денари,  што претставува намалување од 9% во споредба со истиот период минатата година.

·  Бруто маржата за фискалната 2023 година е на ниво од 1.177 милиони денари, пониска во споредба со истиот период минатата година, како резултат на намалените меѓународни цени на горивата. Бруто маржата во четвртиот квартал од 2023 година достигна 261 милион денари, и е значително повисока од негативните 22 милиони денари забележани во истиот период лани.

·  Во согласност со своите стратешки приоритети, компанијата инвестираше 256 милиони денари во текот на 2023 година во изградба на фотоволтаична централа од 12 MW, која ќе биде ставена во функција на крајот на првото полугодие од 2024, создавајќи нов извор на приходи.

Финансиските резултати за 2023 година го вклучуваат и Данокот на солидарност од 50 милиони денари усвоен од Собранието на 25 септември 2023 година.

 Информации во врска со спорот со Царинската управа на Република Северна Македонија

Во однос на ревизијата спроведена во текот на 2019 година од страна на царинските органи на Република Северна Македонија за фискалните години 2014 - 2018 и периодот јануари - мај 2019 година, износот изречен на ОКТА заклучни со 31 декември 2023 година, изнесува 1.205 милиони денари и е целосно исплатен. Резервацијата од 58 милиони денари, која беше вклучена вобилансот на состојба на компанијата заклучно со 31 декември 2022 година, е целосно искористена, додека дополнителни расходи од 8 милиони денари се признаени во билансот на успех на компанијата до 31 декември 2023 година. Сите очекувани одлуки се примени. Затоа, не се очекува да бидат наметнати дополнителни износи од страна на релевантните царински органи за 2019 година. ОКТА ја задржува својата позиција дека секогашпостапува во целосна согласност со сите релевантни закони, како и согласно добиените експертски мислења, и има намера да ги оспори сите овие одлуки до највисоките судски органи, на локално и ако е можно и на меѓународно ниво.

ОКТА продолжи да постигнува солидни резултати во согласност со своите цели, потврдувајќи ја релевантноста на својата стратегија. Компанијата дисциплинирано ги спроведува своите инвестициски планови и ги одржува своите резултати, додека успешно се трансформира. Останува фокусирана кон снабдувањето на потребите на државата со нафтени деривати, додека истовремено се подготвува за инвестиции кои имаат за цел забрзување на енергетската транзиција.

Корпоративна општествена одговорност

ОКТА ја заокружи 2023 година со имплементирање на различни општествено одговорни активности кои имаа за цел да придонесат кон благосостојбата и одржливоста на општеството. Во таа насока, успешно беа завршени планираните иницијативи во обновлива енергија, вклучувајќи ја донацијата на третата фотоволтаична централа која беше инсталирана на покривот на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Како долгогодишен партнер на Црвениот крст на град Скопје, ОКТА повторно се вклучи во кампањата „Помислете и на нас“ преку донација на пакети со храна наменети за ранливите групи граѓани. Одржувајќи ја традиција за поддршка на училиштата во близина на инсталацијата на ОКТА за време на новогодишните празници, компанијата донираше телевизори со цел унапредување на образовниот процес и обезбеди пакетчиња за учениците од прво до трето одделение.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на регионот со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка