СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА КАЗНА ОД 0,87 ОТСТО ОД НИВНИТЕ ЛАНСКИ ПРИХОДИ - КЗК: Свесно давале неточни податоци за забранетиот договор меѓу 4 синџири маркети
Објавено во: Економија 23 Мај, 2025 13:06
Сојузот на стопански комори заработи прекршочна казна од Комисијата за заштита на конкуренцијата, во висина од над 0,87 проценти од вкупните приходи што оваа комора ги остварила во текот на минатата година.
Имено, Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во поведена прекршочна постапка донела решение за изрекување на прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија, заради давање на неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок, се наведува во соопштението од КЗК.
„Комисијата по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи синџири на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во текот на постапката, иако претходно опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласночлен 61 став (1) точка 10 од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на забранет договор (картел) помеѓу четирите големи синџири на маркети.
При контрола на службената комуникација на овластените лица во Комората од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.
Имајќи ги предвид тежината на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го утврдува во висина од 0,8747 отсто од приходите на ССКМ остварени во 2024 година“, се вели во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Како непрофитна организација, ССКМ не е обврзана да ги објавува своите финансиски извештаи јавно, врз основа на што би можело да се утврди колку изнесуваат приходите остварени во текот на минатата година, а верз таа основа и колку пари ќе изнесува нивната прекршочна казна.
Во октомври годинава Комисијата за заштита на конкуренцијата, преку соопштение до медиумите, објави дека неколку синџири на маркети нелегално се договарале за усогласено делување спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата. Од КЗК тогаш известија дека ова било констатирано по направена ненадејна контрола кај правните лица, како и дека била поведена прекршочна постапка.
Комисијата за заштита на конкуренцијата тогаш направила ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која тие се здружени, истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените.
Имено, при контролата во службените простории на правните лица, односно синџири на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени биле докази дека тие донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




