СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024 17:40
Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург.
Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување.
Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет.
Во тужбата се бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска.
Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија занепочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




