16 Март, 2025
0.0395

СОДА, БРШЛЕН, КОПРИВА: Како со овие состојки да направите органски препарати за своите насади?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 23 Јануари, 2025 07:58

Добивај вести на Viber

Повеќе природни состојки можат да се употребат за правење на органски препарати и за заштита на насадите од штетници. За таа цел можете да искористите сода бикарбона, оцет, лук, кромид, бибер,  чили, коњско опавче, пепел, бршлен, коприва и друго. Некои од луѓето кои се занимаваат со органско производство веќе го применуваат овој начин на работа на своите површини, но останатите земјоделци или не слушнале за истите или не се заинтересирани да ги применуваат. Метод кој може да даде ефект е во близина на нивата да засадите соодветни грмушки на кои инсектите ќе се задржуваат и нема да ги напаѓаат културите.

„Во исто време кога го очекувате плодот, инсектите ќе се задржуваат на грмушките. Некои инсекти во рана фаза на плодот прават штети. Бубамарите, стршлените, богомолките, како предатори прават природна рамнотежа во природата, односно се хранат со штетните инсекти. Со нашето искуство сè повеќе и повеќе наоѓаме препарати на природна база. Бршленот е добар за габични инфекции. И во делот на пламеница и пепелница, тој помага. Копривата е основна состојка за препарат кој помага како фунгицид, во рана фаза, за прскање, се остава од 12 до 24 часа во вода и потоа се разредува 10 наспроти еден и се прска. Таа обично ги штити градинарските култури. Не е 100 отсто таа заштита, но над 90 отсто има ефикасност. Содата, оцетот, лукот, пепелот исто се користат“, вели Ѓорѓи Хаџи-Котаров, претседател на здружението на производители на органска храна „Органо-логистик Струмица“.

Пепелот ги задржува полжавите, да не можат да го нападнат насадот. 

„Модерното земјоделство почнува после војните и тогаш се експериментирало што е ефективно и сега се оди понатаму. Куба е земја што има широка примена на органски препарати. Сепак,  кога одиме во земјоделска аптека, прво ни даваат познати препарати со активни материи, а тие ги унишуваат и добрите инсекти, како и бактериите кои помагаат за  збогатување на почвата со хранливи материи. Содата се раствора со лук и вода, отстојува еден и пол ден и пак со разредување, во сооднос 10 наспроти еден или 20 наспроти еден и се користи. Постојат и репеленти кои ги одбиваат штетните инсекти, кои за жал ако не ги направиме сами тешко се наоѓаат во продажба. Земјоделците не се заинтересирани да пробуваат нови методи со изговор дека не сакаат да ризикуваат за нивното производство. Зеолитот е подобрувач на почвата кој ги апсорбира тешките метали, а истиот ја задржува и влагата повеќе во почвата. Арските ѓубрива можат да се користат за подобра почва“, објаснува тој. 

Во околината на Струмица, има луѓе кои си прават и користат органски препарати. Тие веќе се едуцирани на оваа тема. Органските препарати помагаат и да се сочува квалитетот на почивата.

„Во нашиот крај имаме околу 40 до 50 органски производители.  Ако некој се откаже, многу тешко некој го наследува со тие принципи на работење. Со самото окрупнување, се применуваат други методи. Има луѓе што садат една фолија за свои потреби, ама си прават органски препрати“, вели Хаџи-Котаров.

Неодамна на хрватската граница беше запрена македонска зелка и количините беа уништени поради присуство на опасен пестицид, кој е штетен по здравјето на луѓето. И во минатото се случувало земјоделски производи од Македонија, Србија, па и од Албанија или дел од Турција, да не можат да влезат во ЕУ поради присуство на пестициди.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ДИСКОТЕКАТА Е ГРАДЕНА ОД ШТО, КАРТОН? Се огласи и адвокатот Јанаки

ДИСКОТЕКАТА Е ГРАДЕНА ОД ШТО, КАРТОН? Се огласи и адвокатот Јанаки

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Тоа е нешто што мора однапред да се предвиди, не е прв пат ова да ни се случи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Тоа е нешто што мора однапред да се предвиди, не е прв пат ова да ни се случи

ВЛАДАТА Е ЦЕЛОСНО МОБИЛИЗИРАНА, ЌЕ НАПРАВИ СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО: Се огласи Мицкоски за несреќата во Кочани

ВЛАДАТА Е ЦЕЛОСНО МОБИЛИЗИРАНА, ЌЕ НАПРАВИ СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО: Се огласи Мицкоски за несреќата во Кочани

МОЖЕЛО ЛИ ДА СЕ СПРЕЧИ? Ванковска со прашања на социјалните мрежи

МОЖЕЛО ЛИ ДА СЕ СПРЕЧИ? Ванковска со прашања на социјалните мрежи

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА НЕ НИ ДОЗВОЛИЈА ДА ДАРУВАМЕ КРВ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ДЕЦА ВО ПОЖАРОТ: Голем број граѓани вратени од Клиниката за трансфузиологија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА НЕ НИ ДОЗВОЛИЈА ДА ДАРУВАМЕ КРВ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ДЕЦА ВО ПОЖАРОТ: Голем број граѓани вратени од Клиниката за трансфузиологија

ЕВЕ ГИ СПИСОЦИТЕ НА ПРЕНЕСЕНИ ЛИЦА ОД КОЧАНИ И ШТИП ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ: Некои се во 8 Септември, некои на Клиника

ЕВЕ ГИ СПИСОЦИТЕ НА ПРЕНЕСЕНИ ЛИЦА ОД КОЧАНИ И ШТИП ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ: Некои се во 8 Септември, некои на Клиника

ФИЛКОВ: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

ФИЛКОВ: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

ТОШКОВСКИ: Загина 51 лице во Кочани

ТОШКОВСКИ: Загина 51 лице во Кочани

ТРОГАТЕЛНА ВЕСТ УТРОВО ЈА ШОКИРА МАКЕДОНИЈА: Се огласи и Стоиљковиќ

ТРОГАТЕЛНА ВЕСТ УТРОВО ЈА ШОКИРА МАКЕДОНИЈА: Се огласи и Стоиљковиќ