15 Декември, 2025
0.0387

Собранието „го испрати“ Амди Бајрам со четири просечни национални нето-плати

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020 15:00

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, како пратеник од претходниот мандат во Законодавниот дом.добил исплата на две апанажи од Собранието четири дена откако починал. 

На 24 октомври беше објавено за смртта на најдолгогодишниот пратеник во македонското Собрание, додека на 28 октомври Законодавниот дом му исплатил две отпремнини од по две просечни македонски нето-плати, односно вкупно 110.140 денари.

Во краткиот одговор, Собранието потврдува дека Бајрам бил исплатен со четири просечни македонски нето-плати, но не се споменува дали станува збор за погребни трошоци или пак плата која ја побарал како пратеник на кого му истекол мандатот.

Во законот за пратеници еден народен избраник има право на погребни трошоци во висина на просекот на двете последни плати, но пратеник на кој му истекол мандатот го нема тоа право. Кон крајот на јули, по предвремените праламентарни избори, новите пратеници веќе ги добија своите мандати. Инаку пред да почине,  долгогодишниот политичар беше еден од оние кои го остварија правото да добиваат плата до пензионирање.

Инаку, од поранешните пратеници од претходниот мандат, Собранието досега еднократно им исплати по две просечни македонски нето-плати за отпремнина поради исполнување услови за пензија на Владанка Авировиќ, Лилјана Поповска и Неџбедин Каремани по 54.462 денари.

- Во врска со вашето прашање, ве информираме за следното : На поранешните пратеници г-ѓа Лилјана Попоска, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Неџбедин Каремани отпремнините им се исплатени на 7 октомври 2020 година, а на г. Амди Бајрами на 28 октомври 2020 година, гласи одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Амди Бајрам првпат станал пратеник во 1994, а паузираше од пратеничкото место три години додека беше во затвор, Поради кардиоваскуларни проблеми, почина на приватна клиника во Скопје. Пред неколку месеци ја ампутираше и едната нога, по што, најави дека сака да се врати во политиката.

Амди Бајрам е роден во Скопје во 1956 година и има завршено средно трговско училиште. Првпат станува пратеник во 1994 година, како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите, а до 2020 беше пратеник со најмногу мандати.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат