27 Април, 2024
0.0283

Собирајте повеќе, трошете подобро

Објавено во: Економија 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Во држави како нашата со фиксен девизен курс, фискалната политика е примарниот инструмент кој е на располагање за управување со бизнис циклусите. Фискалната политиката преку контрациклични одговори, односно преку даночната политика и со приспособување на расходите влијае врз економските услови, врз вкупната побарувачка на стоки и услуги, врз вработувањето, инфлацијата и економскиот раст.

Зголемување на вкупната побарувачка и економски раст владите може да го постигнатсо експанзивна фискална политика чии инструменти се, намалување на даночните стапки и зголемување на расходите. Кога се намалуваат даночните стапки остануваат повеќе средства кај економските субјекти за трошење или инвестирње, со што расте вкупната побарувачка. Истото придонесува фирмите да вработуваат повеќе, да ја намалуваат невработеноста и да се натпреваруваат за трудот, што понатаму може да доведе до раст на платите и обезбедување повеќе приходи на граѓаните за трошење и инвестирање. Втората алатка на експанзивна фискална политика се буџетските расходи, односно владиното трошење. Тие вклучуваат плати за администрацијата, плаќања за стоки и услуги, субвенции, трансфери за социјални програми и капитални трошоци за реализација на јавни инвестиции. Кој и да ги добие средствата има повеќе пари за трошење, со што се зголемува вкупната побарувачка и економскиот раст.

Постои дебата помеѓу различните економски школи за тоа кој од овие два пристапи е поефикасен во зголемување на економскиот раст.

Во македонскиот случај пример за експанзивна фискална политика е намалувањето и израмнувањето на даночните стапки на персонален данок од 15,18 и 24 отсто на 12 отсто во 2007 година, па на 10 отсто во 2008, и намалувањето со иста динамика на данокот на добивка од претходни 15 отсто. Рамните и намалени даноци, а понатаму и намалувањето на придонесите од задолжително социјално осигурување ги намалија трошоците за работна сила и за бизнисот, растеа инвестициите, растеше стапката на вработеност, се намали даночната евазија.

Ако се анализира македонскиот случај во последната деценија постојано растат и буџетските расходи достигнувајќи историски највисоко ниво од 200,1 милијарди денари во 2018 година, но со незначајно учество во истите на капиталните расходи. Јавните расходи - инвестициите во капитални објекти, како и зголемувањето на субвенциите и социјалните трансфери во одреден период по светската економска криза придонесуваа за одржувањето на побарувачката и економскиот раст, односно „не спасија“ од подолгорочна рецесија.

Денес, сме соочени со нова објективна реалност.

Имено, се воведе прогресивно оданочување со данок на личен доход и се пристапи кон зголемување на минималната плата, мерки кои можат да доведат до серија нарушувања и ефекти што ќе ги поништат позитивните придобивки од маргиналното зголемување на данокот и растот на платите. Прво, повисоката даночна стапка може да предизвика намалување на нето платите и губење на мотивацијата за работа, зголемување на трошокот за работна сила на работодавачот, намалување на неговата конкурентност и реална загуба на работни места. Второ, зголемената стапка на оданочување со данок на личен доход над одреден праг на остварени приходи, како и зголемувањето на минималната плата ќе предизвика зголемување на даночната евазија.

Во исто време, во претходната година забележан е пад на капиталните расходи во споредба со 2017 година кога истите изнесуваа 19,9 милијарди денари (или 10% од вкупните расходи) на 12,2 милијарди денари, што е 6% од вкупните расходи, ниво кое е релативно и апсолутно најниско во последната деценија. Исто така, реализацијата на капиталните расходи во тековната 2019 година заклучно со месец март изнесуваат 1,6 милијарди денари или само 6,21% од планираните со буџетот. Во периодов двете клучни алатки на фискалната политика: даночната политика и буџетските расходи отстапуваат од воспоставените практики во минатата деценија, со што се поставува прашањето дали ваквата нивна поставеност може да обезбеди долгорочен економски раст. Секако, субвенциите, социјалните трансфери и платите на администрацијата можат на кус рок да влијаат врз одржување на побарувачката, но времето ќе покаже дали креаторите на фискалната политика во нашата држава со мерките кои ги предвидоа ќе придонесат за „поттурнување“ на економијата или истите дестимулирачки ќе влијаат на бизнисот и потенцијалот за раст на долг рок.

Анета ДимовскаВо овие услови, во кои носителите на економската политика пристапија кон зголемување на даноците и минималната плата, за остварувањето на повисоки стапки на економски раст во иднина неопходно е да се зголемат расходите, првенствено јавните инвестиции и истите во поголем дел да бидат финансирани со буџетски средства. Оттаму, она на што треба да се стави фокусот е намалување на даночната евазија и сивата економија со цел да се собираат повеќе приходи, со едновремено намалување на тековните расходи за сметка на капиталните инвестиции.

Секогаш неопходно е да се има предвид дека даночната политика освен за обезбедување на соодветно ниво на приходи за реализирање на основните функции на државата, за нашата земја е од извонредно значење како инструмент за водење на економската политика и исклучително влијае врз конкурентноста на економијата.

Покрај тоа што даночната политика е резултат на економската борба меѓу класите, партиите и статусните групи при креирањето на истата мора да се има и поширока слика за макроекономските ефекти од мерките кои се преземаат.

Анета Димовска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра