14 Декември, 2025
0.0568

Со стотици илјади евра се опарија Пелистер, Галичица, Јасен, Водно, Матка, Преспанско....

Објавено во: Финансии, Мои пари 08 Јуни, 2018 14:22

Добивај вести на Viber

Промовирани осум грантови од Европската унија за општини и Националните паркови за подобро управување со заштитените подрачја


Во Националниот Парк Пелистер беа промовирани осум големи грантисти на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над 4 милиони евра, финансирана од Европската унија, имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Добитници на грантовите во висина од 250.000 до 350.000 евра се:

1.  НП Пелистер – Зајакнување на капацитетите на паркот преку едукација на вработените и мониторинг

2.  НП Галичица – Промоција, конзервација и мониторинг на биодиверзитетот

3.  НП Маврово – Конзервација и заштита на ретки видови

4.  Општина Дојран (Дојранско Езеро) – Обнова на екосистемот на Дојранско езеро

5.  Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани) – Подобрување на капацитетот на општина ресен за заштита и мониторинг на Преспанското Езеро и Паркот Езерани

6.  Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) – Промоција на природните вредности на комплексот Водно-Матка-Сарај

7.  Јасен – заштита на разноликоста на природните вреднисти преку намалување на притисокот врз природата

8.  Општина Струга, Охрид и Дебрца (Охридско Езеро, река Сатеска) – заеднички проект за итно подобрување на квалитетот на водата во Охридското езеро

„Веруваме дека овој проект ќе помогне да се заштити богатиот биодиверзитет на земјата и заштитените подрачја истовремено подобрувајќи ги и животите на луѓето. Европската унија продолжува да и помага на земјата во градењето на подобра иднина за нејзините граѓани“, изјави амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Во март, во рамки на истата програма, беа промовирани седумнаесет помали грантови, доделени на општини и граѓански здруженија кои добиа средства во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата.

Тригодишната програмата е финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и физичко планирање.


Можеби ќе ве интересира

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи