11 Мај, 2024
0.0251

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Објавено во: Економија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Приходи од продажбата треба да надминат половина милијарда евра годишно, добивката треба да порасне за 14 отсто од лани, 74 нови вработувања и вложувања од 13,1 милиони евра. Ова се најважните меѓу клучните детали од финансискиот план за работење во 2024 година на „Макпетрол“ на кои ниту еден сериозен инвеститор во акции не може да остане рамнодушен

Најголемата македонска компанија за малопродажба специјализирана за продажба на горива во планот за работа во годинава изнесува податоци кои уверуваат дека таа компанија посветено работи на тоа да остане лидер на македонскиот пазар за продажба на мало на нафтени деривати.

Вкупните приходи од продажба годинава се проектирани на 501 милион евра и во нив продажбата на домашниот пазар годинава треба да учествува со 436 милиони евра. Анализата на компанијата се е правена врз основа на проекции на раст на приходите кои се планирани во најголема мерка од раст на продадените количества горива на нивните 126 бензински пумпи ширум земјава. „Макпетрол“ има најголема малопродажба мрежа на бензински пумпи односно поседува третина од сите бензински станици во Македонија. Неговиот најголем ривал, ако може така да се каже, „Лукоил“ има 35 бензински пумпи, а под брендот на ОКТА во земјава работат 27 бензински пумпи. И тоа се најголемите три компании за малопродажба на горива во Македонија.

Во својот финансиски план „Макпетрол“ очекува раст на приходите од малопродажба на сите горива, раст на приходите од продажба на големо млазни горива, очекува раст на извозот на горивата што ги продава, а очекува пад на приходите од продажба на природен гас и тоа го базира на намалената потрошувачка на природниот гас која е последица на европските пазарни текови.

Во структурата на приходите на „Макпетрол“ доминира трговската маржа и тоа е очекувано. Проекцијата е дека годинава по тој основ компанијата ќе приходува 61,6 милиони евра. Тоа е за 4 отсто повеќе од претходната година. Од своите производи (био дизел, глицерин) компанијата очекува да оствари 2 милиони евра приход, а од услуги да оствари нешто над 3 милиони евра. Деловните приходи се проектирани на 67,1 милиони евра и тоа е 8 отсто повеќе од 2023 година.

На расходната страна покрај трошоците доминираат расходите за плати и тие се проектирани на 26 милиони евра. Тоа значи дека „Макпетрол“ за плати на своите нешто помалку од 2.000 вработени плаќа 2,16 милиони евра месечно. Вредноста на планираните трошоци за плати е планирано да се зголеми за 4 отсто во споредба со лани. „Макпетрол“ е компанија која вложува во лојалноста на своите вработени. Освен што имаат добри плати и добиваат годишни бонуси имаат и приватно здравствено осигурување. А се вложува и во нивни обуки. Годинава се планирани 120.000 евра за обуки на речиси 1.900 вработени во компанијата.

Нето добивката (по оданочување) е проектирана на 14,2 милиони евра и тоа е убава вест за сите негови акционери, но и за сите потенцијални вложувачи во таа акција. Проектирано е нето добивката да порасне за 13 отсто во споредба со 2023 година.

Во што се ќе вложи „Макпетрол“ 13,8 милиони евра годинава?

Очекувано, фокусот на вложувања е ставен на бензинските станици односно подобрување на услови во малопродажбата која е основна дејност на компанијата. Тука се планирани за вложување до 9,5 милиони евра. До 2,5 милиони евра ќе бидат вложени во складовите за продажба на големо и до 636.000 евра во модернизација на зградата во која е дирекцијата на „Макпетрол“.

Очигледно е дека управата на „Макпетрол“ размислува и пошироко кога се работи за спектарот на вложувања. Годинава треба да има голема градежна офанзива во нивниот хотел на струшката ривиера. Во него компанијата ќе вложи половина милион евра.

Извештајот е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=66994

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?