06 Декември, 2025
0.0314

СО САМО 12.100 ВАКЦИНИРАНИ СО ПРВА ДОЗА ИЛИ 0,7 ОТСТО, МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО - еве како тече вакцинацијата во соседството

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021 11:45

Добивај вести на Viber

Со 12.100 вакцинирани граѓани со првата доза, што опфаќа само 0,7 отсто од населението, Македонија е меѓу земјте чии процес на вакцинација е многу послаб и побавен. 

На табелата на угледниот Економист, сепак, после нас има и полоши држави во поглед на вакцинацијата, односно со 0,6, 05, па дури и 0,1 отсто од населението кое е досега вакцинирано со првата доза.

Такви се Јужна Африка, Кенија, Уганда, Пакистан, Белорусија, Венецуела, Тајланд, Ирак..., како и други држави каде сериозно доцни имунизацијата на населението. 

Затоа, има држави кои сериозно можат да се пофалат со напредок во процесот на вакцинација.

Неприкосновен лидер е Израел, земја која веќе со првата доза успеа да вакцинира 10,2 милиони граѓани. Тоа претставува дури 94,7 отсто од нејзиното возрасно население. 

Добри бројки во поглед на вакцинацијата покажува и Унгарија, и тоа вакцинирани со прва доза се 3,54 милиони од граѓаните, што е 32,6 проценти. 

Нашиот северен сосед, Србија, со чии донации од вакцини всушност се одвива добар дел од вакцинацијата во земјава, има и повеќе од одлични бројки.

Податоците на Економист покажуваат дека таму се вакцинирани 2,63 милиони од граѓаните со прва доза, што е 21,9 отсто од населението.

И Турција има добар процес на вакцинација. Во таа земја првата доза од вакцината ја примиле 17,4 милиони од граѓаните, што е 17,6 проценти. 

Словенија има 406 илјади вакцинирани граѓани, што е 17,2 отсто од граѓаните. 

Додека, пак, Грција, веќе успеала да им обезбеди прва доза на 1,95 милиони од граѓаните, што е 15 отсто од населението, а во Хрватска бројката на вакцинирани со прва доза изнесува 517 илјади граѓани, или 12,7 проценти. 

Подобри од нас се и Албанија, со 222 илјади вакцинирани граѓани или 9,2 проценти.

Бугарија досега со прва доза има вакцинирано 520 или 7,4 отсто од граѓаните, Црна Гора вкцинирала 34,3 илјади од населението со првата доза или 6,2 проценти.

Од Економист во својот уводник велат дека пандемијата ковид-19 ги уништи животите на милијарди луѓе откако првпат го погоди кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Таа предизвика 133 милиони инфекции и доведе до смрт на 2,8 милиони луѓе. Вакцините за борба против сарс-ков-2, вирусот што ја предизвикува оваа болест, се развиени за рекордно време. 

“Досега 149 земји имаат програми за масовна вакцинација и заедно имаат администрирано околу 693 милиони удари. Нашиот глобален тракер за податоци ковид-19 се ажурира двапати на ден со најновите податоци“, објаснуваат од Економист.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија