15 Мај, 2024
0.0302

Со Програмата за практикантство на ОКТА чекор понапред до вработување

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Четворица од Програмата за практиканти во ОКТА оваа година станаа дел од тимот на компанијата. Во април започнува нов циклус на оваа континуирана програма на ОКТА, каде студентите практично се подготвуваат за работен ангажман во една компанија.

„Програмата која активно ја спроведуваме и развиваме во ОКТА претставува одлична можност за студентите да се стекнат со нови професионални вештини и знаења. Како една од најголемите компании во земјава, сметаме дека преку организирање на вакви општествено одговорни иницијативи им помагаме на студентите да се подготват за предизвиците кои ги очекуваат по завршување на академското образование. Кај нас, практикантска програмата покажа дека стекнатото искуството во една меѓународна компанија ги прави посамоуверени, а со тоа и поконкурентни на пазарот на труд”, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на компанијата.

Од големиот број на пријавени студенти во последниот циклус на програмата, беа избрани најдобрите кои беа ангажирани во тримесечна пракса во компанијата. Оние кои покажаа исклучителни вештини и желба за понатамошен професионален развој им беше продолжен договорот, по што беа задржани во компанијата.

„Отсекогаш сонував да работам во голема компанија. Кога се пријавив за програмата идеја ми беше да  се стекнам со искуство кое ќе ми овозможи практично да го применам моето академското знаење, да научам да се справувам со секојдневните работни задачи и обврски. Теоријата и практиката се две сосем различни нешта, и затоа сметав дека ваков тип на пракса ќе ми овозможи значајно искуство. Сега мојот сон стана реалност и затоа  им порачувам на сите студенти да не се откажуваат од своите соништа”, изјави Жаклина Кузманова, една од вработените практиканти.

Студентите со програмата за практикантството влегуваат во оперативните процеси на компанијата на одредено работно место. За секој од нив има назначено ментор од ОКТА, кој преку делегирање на работни задачи и одговорности го воведува и насочува практикантот во деловните активности на компанијата. Како и во претходните циклуси, ОКТА им обезбедува превоз, оброци и дополнителни парични средства на сите практиканти кои учествуваат во програмата.

Програмата продолжува за студенти кои се последна година од нивните додипломски студии, како и на магистерски студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на Економскиот, Правниот, Градежниот, Технолошко-металуршкиот Факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски технологии и Природно-математичкиот факултет, како и студентите на приватниот универзитет “Американ Колеџ”.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје