Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72“ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани
Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2023 13:22
Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“ е дел од македонската репрезентација што се натпреварува на Светското екипно шаховско првенство за ветерани кое што од 19 до 28 септември се одржува во Струга. Учеството и натпреварувањето на ветераните од клубот „Скопје 72“ со финансиска и материјална помош го овозможи Клиниката Жан Митрев како дел од својата заложба за поттикнување на рекреативни активности кај сите возрасни групи.
Во составот на репрезентацијата од Шаховскиот клуб „Скопје 72“се ФМ (ФИДЕ мајстор) Љубомир Илиќ (капитен), ФМ Александар Кралевски, Илија Стошевски, ФМ Љубомир Хаџи-Манев и Миле Трајковски. Во првите две кола нашите шахисти остварија две сензационални победи над Италија (рангирана на 9тата позиција) и Австрија. По 6 одиграни кола нашиот тим со 5 освоени бода се наоѓа на 18 место. Во седмото коло (на 26.09) Македонија игра против тимот на Англија 2.
Турнирот во Струга се игра според Швајцарски систем на натпревари, со 9 кола. Се натпреваруваат 46 екипи од над 20 земји од светот, поделени во две категории, ЕС-50 (повозрасни од 50 години) и ЕС-65 (повозрасни од 65 години).
На турнирот ЕС-50 учествуваат 22 репрезентации од 15 земји. Во оваа категорија се вклучени и три женски репрезентации (Македонија, Англија и Кина), како и македонската репрезентација на слепи и слабовидни шахисти.
На турнирот ЕС-65 учествуваат 26 репрезентации од 18 земји. Највисок рејтинг имаат селекциите на Германија, Англија 1 и Израел. Во оваа категорија се вклучени и две женски репрезентации (Германија и Латвија).
Македонската репрезентација, рангирана на 18тата позиција, е составена исклучиво од членовите на Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




