09 Мај, 2024
0.0256

СО ПЛАТИ ДО 12.000 ДЕНАРИ: Сиромашни се девет проценти од вработените

Објавено во: Економија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Околу 9% од вработените во Македонија се сиромашни или имаат приходи пониски од 12.000 денари. 

Oва го  покажуваат  статистичките податоци кои беа изнесени на денешната конференција за сиромашни и социјално исклучени лица која ја организираше Македонската платформа против сиромаштија. 

Tоа најчесто се семејства со еден вработен, кои немаат дополнителни приходи.

За да се надмине проблемот, потребно е да се зголеми минималната плата на најмалку 12.000 денари, да се работи на сузбивање на сивата економија, а работниците да имаат посилно синдикално организирање. 

„Во Македонија е пресметано дека за едно четворочлено семејство потребно е да добијат околу 12.000 денари за да се над ниво на сиромаштија. Ние сега со издигнување на минималната плата, сите оние вработени регуларно ќе ги извлекуваме секој месец од сиромаштија“ - вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Претседателата на Македонската платформа против сиромаштија Билјана Дуковска, вели дека отворањето на оваа тема произлегло од фактот дека досега многу се зборувало за генералната сирошатија. 

„Ние сакавме да се прошири опсегот односно дека се сиромашни и оние луѓе кои се вработени, а имаат мали приходи, но и со оние кои не уживаат сигурност иако се вработени. Тоа се хонорарците, лицата кои работат на црно или со договори на кус период“ - кажа Дуковска.

Сиромаштијата кај вработените често води до преголема задолженост, бидејќи платите не се доволни за покривање на основните трошоци за живеење. 

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?