27 Јули, 2024
0.0262

Со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал Нова услуга на НЛБ Банка

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка воведува нова услуга, целосно ново технолошко решение за прифаќање на бесконтактни плаќања со картички, NLB Smart POS, со кое трговците можат да го користат мобилниот телефон како ПОС терминал. NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на ПОС терминал во земјава,една од најнапредните технологии во областа на плаќањата со картички, која им овозможува на трговците да прифаќаат плаќања со картичка без дополнителен хардвер.

NLB Smart POS претставува совршена алатка за сите трговци како ресторани, фризери, козметички салони, такси возачи, цвеќарници, пекари, курири, кои до сега не можеа да им понудат на своите корисници начин на плаќање без готовина.  Со помош на апликацијата NLB Smart POS, трговците од сите големини, особено малите и средни, отсега можат да ги наплаќаат своите производи и услуги без готовина, без потреба да имаат стандарден ПОС терминал, со едноставно и безбедно прифаќање на плаќања со картички преку мобилен телефон.

Апликацијата NLB Smart POS е инсталирана директно на мобилниот уред на трговецот и/или неговиот продажен персонал, а сите наплатени средства стигнуваат на сметката на трговецот. На тој начин телефонот може да прифаќа бесконтактни плаќања со платежните картички на VISA и Mastercard издадени од која било банка, преку мобилните апликации за плаќање Google pay, Garmin Pay и други.

NLB Smart POS има бројни придобивки и за сопствениците на бизниси и за клиентите, физички лица. Благодарение на можноста за бесконтактно плаќање со картичка или мобилен уред на кое било место или повеќе мобилни уреди на едно продажно место, сопствениците на бизниси имаат можност да ја зголемат продажбата, а клиентите имаат подобрено корисничко искуство. Дополнително, голема предност за трговците е што апликацијата е бесплатна за преземање на Play store, а воедно и поедноставна за инсталирање и одржување за разлика од стандардниот ПОС терминал.

NLB Smart POS е достапен за сите трговци, без оглед на продажната или услужната дејност за која се регистрирани. За сите нови корисници на услугата до 30.06.2024, НЛБ Банка овозможува промотивна поволност, 6 месеци без месечен надоместок за користење на NLB Smart POS.

Повеќе информации за апликацијата, на веб-страницата на НЛБ Банка или во Контакт центарот, на телефонскиот број 15 600.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје