„СО НАШИ ПАРИ ШЕТА И УЖИВА ПО БОСФОР“: ВМРО со остра реакција за патувањето на Јахоски
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 13:22
По објавата дека Асмир Јахоски кој се најде во центарот на вниманието откако беше уапсен за голема проневера, се ѓета во Турција, реакција од владејачката ВМРО - ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека „откако го оштети Буџетот на државата за 167 милиони евра и за кого се води постапка, во моментов ужива на Босфор“.
- Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција - пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека „судиите избрани од ДУИ и СДС му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот бидејќи тој даде милиони за гаранција дека нема да бега, сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил“?
- Од информации во јавноста, дознаваме дека судиите му одобриле на Јахоски и му го вратиле времено пасошот за тој да може да шета и ужива по Босфор со нашите пари кои тој и неговите блиски ги украдоа од Буџетот на државата! Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор. Затоа судиите мора да одговараат. Реформи во судството мора да има - се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Утрово Фактор сподели фото од прошетката на Јахоски во Турција, која на социјалните мрежи ја споделија нивни блиски пријатели.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




