Со милиони садници ќе бидат обновени „белите дробови“ на Македонија
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2021 06:48
Милиони садници ќе бидат засадени на местата кои во август годинава беа зафатени со пожари.
При планирањето на активностите за пошумување на опожарените површини ќе бидат вклучени домашни и странски експерти бидејќи тоа е најважниот дел за добивање на квалитетни насади кои ќе имаат мултифункционално значење, велат од ЈП „Национални шуми“.
Се прават подготовки на терен со цел оголените површини да бидат засадени со нови садници. Настрадаа шуми во повеќе краеви на Македонија, но најкритично беше во Малешевијата каде огнената стихија проголта огромни површини борова шума. Пеплосани се дрвја близу беровските села, но и на потегот меѓу Пехчево и Делчево.
„Стручните лица од ЈП„Национални шуми“ веќе се на терен и ги вршат првичните проценки за вкупната опожарена површина, разграничување на сопственоста на парцелите (бидејќи во опожарената површина има и приватни шуми), планирање за отпочнување на активностите за расчистување на опожарената дрвна маса. При одредување на дрвните видови за пошумување на опожарените површини предност ќе се даде на автохтоните лисјарски видови со цел во иднина да се намали опасноста од појавување на пожари од вакви размери. Пошумувањето ќе го вршиме под надзор на стручни лица. При пошумувањето приоритет ќе се даде на ерозивните површини, површини во близина на населени места и водните ресурси. Сепак сите овие планови и активности ќе зависат од расчистувањето на теренот и од сопственичката структура на опожарените површини. Во секој случај наша цел е пошумување на целата површина која беше зафатена со пожарите за што планираме сериозни активности во наредниот период. Планирана е соработка и со сопствениците на приватни шуми да се вклучат во целиот процес со цел заеднички да го обновиме овој наш важен природен ресурс“, велат од ЈП „Национални шуми“.
Изгореа и стогодишни дрвја, а за обнова на шумите како што претходно кажаа експертите, ќе бидат потребни најмалку 50 години. Од пожарите до 15 август годинава биле зафатени вкупно 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер





