Со кои двајца вмровци Палмер одби да се состане
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018
Заменик помошникот на државниот секретар на САД Метју Палмер изјави дека во Скопје поради различни погледи на актуелната состојба во Македонија, намерно не се состана со претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Ние имаме различни погледи со Мицкоски. Денес не се сретнав со нив, но имав средба со пратениците кои минатиот петок гласаа „за“. Одлуката на пратениците од опозицијата беше навистина храбра, иако последиците им беа познати. Јас сум разочаран од ВМРО ДПМНЕ затоа што не го поддржаа Преспанскиот договор. Ќе ми биде драго ако на наредното гласање има повеќе гласови од опозицијата кои се „ЗА“, рече Палмер.
Палмер вели дека намерно не остварил средби со Иванов и Мицкоски затоа што имаат ралични сфаќања за актуелната состојба во државата.
Високиот претставник се сретна со премиерот Заев и со министерот Димитров.
Палмер ја посети Македонија после три месеци, кога престојуваше три дена како би изразил американска поддршка на Договорот од Преспа за името и евроатланските интеграции на Македонија.