26 Април, 2024
0.0292

СО КАКВИ ЛЕКОВИ СЕ ТРЕТИРААТ БОЛНИТЕ ОД КОВИД - еве што откриваат здравствените власти

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во нашите болници има доволно лекови за пациентите болни од КОВИД-19. На заболените им се дава терапија која се применува и во другите држави, и лекувањето е според протоколите на Светската здравствена организација, уверуваат за Фактор од Министерството за здравство.

Во услови кога епидемијата на коронавирусот во земјава не стивнува, а болниците се преполни со хоспитализирани пациенти, Фактор ги праша здравствените власти со какви лекови се третираат болните од КОВИД-19, и какви медикаменти се применуваат за оние со полесна, а кои за оние со потешка клиничка слика.

Од Инфективната Клиника и од Градската општа болница „8 Септември“ велат дека пациентите се лекуваат по протокол од Светската здравствена организација.

„Болните се лекуваат со третогенерациски или четвртогенерациски цефалоспорин и азитромицин - кај пациенти со средно тешка форма со КОВИД пневмонија.
Се користат и повеќе различни други антибиотици, во зависност од тежината на наодот на воспалението на белите дробови или, пак, развојот на болеста“, објаснуваат од Министерството за здравство.

АНТИБИОТИЦИ И АНТИКОАГУЛАНТНИ ЛЕКОВИ

Кога станува збор за цефалоспорините, на интернет за нив може да се прочита дека основа на нивната структура е Бета-лактамски прстен, кој е значаен за антибактериско дејство. По хемиската структура, механизмот на дејство и антигените својства, тие се слични со пеницилините.

Азитромицинот, пак, кај нас подобро познат како лекот сумамед, се користи во терапија на инфекции на горните респираторни патишта, долните респираторни патишта, кожата и слично. Кога почна епидемијата на коронавирусот во земјава, голем број граѓани поитаа овој лек сами да го набават од аптеките, но здравствените власти советуваат тој никако да не се пие на своја рака, без препорака на лекар.

Од Здравство додаваат и дека во третманот, покрај антибиотиците, се користат и антикоагулантни лекови, како во профилактички така и во тераписки потреби, а се дава терапија за заштита на желудникот, витамини и друга терапија за заштита.

Доколку одредена терапија кај некои пациенти не дава резултати, лекарските тимови носат одлука за нејзина промена и примена на други лекови.

„Со секојдневно континуирано следење на пациентите, се носат одлуки за дополнување или промена на терапијата“, објаснуваат од Министерството за задравство.

ЛЕКОВИ ИМА ВО ДОВОЛНА КОЛИЧИНА

Оттаму уверуваат и дека во нашите болници лекови има во доволна количина, но не само лекови, туку доволно има и различни лабораториски тестови и потрошен медицински материјал, како и се она што е потребно за третман и нега на пациентите.

„Се е надеваме дека недостиг нема да има, бидејќи потребите темелно се планираа во континуитет“, уверуваат здравсвените власти.

Ги прашавме во Министерството за здравство и дали има лекови кои се покажале како успешни во други држави, а ние ги немаме овде на залиха, и што прават за да ги обезбедат. Одговорите и од ГОБ „8 Септември“, и од Инфективната клиника, се дека постојано се следат најновите сознанија од СЗО, и главно се применуваат истите лекови и методи.

Како што е познато, нашата држава имаше добиено донација од Јапонија за 100 пациенти од лекот авиган. Од Министерството за здравство велат дека неговата примена ќе почне деновиве, бидејќи досега нашите здравствени власти за него граделе заеднички став. „Беше потребно одредено време да се заземе став и пропратни процедури околу лекот. Деновиве истиот ќе почне да се применува“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, пак, вчера за Фактор откри дека дел од пациентите во таа болница се третираат со исклучително скап лек, актембра. Само една доза од него чини 100.000 денари.

„До сега го примија 20-тина пациенти во најтешка состојба и само двајца не успеаја да се изборат со болеста. Кај останатите даде одлични резултати“, ни објасни д-р. Костов. Според него, во моментов имаат нови 10 дози од овој лек, односно за 10 пациенти, што е донација од една приватна компанија.

ХЕМОФИЛТРАЦИЈАТА УШТЕ ЈА НЕМА ВО СВЕТСКИТЕ ПРЕПОРАКИ

Фактор се интересираше и дали во нашите државни здравствени установи досега е применета методата хемофилтација, односно прочистување на крвта, дали имаат истражувања кои се ефектите, и дали има услови во наредниот период тоа кај нас да се прави на државен трошок.

Од Министерството за здравство велат дека во препораките за третман на заболени на КОВИД-19 во светот ова не е влезено како рутинска метода на лекување и се уште има научни дискусии за ова како можен третман на пациенти со коронавирусот.

„Ги следиме искуствата и препораките и ги применуваме терапиите соодветно на истите“, објаснуваат здравствените власти.

Според некои сознанија, апаратот за хемофилтрација чинел сума од 30.000 евра.

На пациентите, пак, за кои е одредено да се лекуваат во домашни услови, како што велат од Министерството за здравство, им се препишува перорална антибиотска терапија, како и симптоматска и супортивна терапија, со редовно следење на температурата и другите симптоми од страна на матичниот лекар, кој е во редовна комуникација со инфектолозите.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени