СО ГРЕЕЊЕ НА МАЗУТ ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ НА ОНКОЛОГИЈА, првиот човек на РКЕ смета дека најдобар избор за греење на Скопјани е топлинска енергија добиена од природен гас
Објавено во: Економија 29 Јули, 2022 13:37
Цената на топлинската енергија за Скопјани ќе се зголеми за 14,18 проценти објави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој воедно потенцираше дека за да има парно ќе биде неопходно да работи централата ТЕ-ТО.
- Сакам да истакнам, за најголемата мрежа во град Скопје, во нашите пресметки, предвидуваме ТЕ-ТО да работи и да задоволи 70 отсто од потребите на потрошувачите, а останатите потреби другите топлани. Тоа е од причина што цената на топлнатите изнесува 9,7 и 9,8 денари, со цел да не се прави подраматично зголемување, утврдивме цената на ТЕ-ТО да биде за речиси 2,5 пати пониска од цената на топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи, зголемувањето на центата на топлинската енергија ќе беше далеку над 100 отсто. Без да работи ТЕ-ТО, цената на топлинската енергија значително ќе порасне, и ако не работи, односно не произведува струја, ќе имаме значително поскапување на топлинската енергија. Дополнително што мора да се обезбеди природен гас за производство на топлинска енергија – посочи Бислимовски.
Воедно претседателот на РКЕ укажа дека иако цената на мазутот, во однос на природниот гас на берзите овој период е поповолна, но не е пожелно да се користи за производство на топлинска енергија. Потенцираше дека централата ТЕ-ТО не може да работи на мазут, и дополнително мазутот би требало да биде крајна опција бидејќи со греење на мазут ќе биде еколошка катастрофа.
- Единствено најдобра опција е со греење на природен гас, за што мислам дека веќе се прават напори за увоз на овој енергенс. Системот за топлинска енергија во Скопје мора да функционира, ако тоа не функицонира, ако нема гас, ќе имаме проблеми во однос на снбдувањето со електрична енргија. Сите домаќинства кои се приклучени на топлинска енергија во овој момент, доколку се приклучат на системот за електрична енергија ќе имаме проблем. За да обезбедиме ценовна стабилност, најбитно е да се обезбеди природен гас. Субвенциите кои Владата ги одобри во февруари продолжуваат до крај на годината, доколку ги немавме нив, зголемување на цената ќе беше 37 проценти. Оваа пресметка на РКЕ е направена во услови кога цената на природните гас на светските берзи е висока и на која не можеме да влијаеме. Апелирам до институции на државно и локално ниво да покажат пример за штедење и да ги имплементираат препораките на ЕУ, еден степен помала температура, пет проценти заштеда на горива – укажа Бислимовски.
Воедно тој потенцира дека работењето на топланите на маузт ќе биде голема еколошка катастрофа, и дека ќе има значително негативно влијание врз здравјето на граѓаните.
- Единствена опција да ја истераме оваа грејна сезона е да работи ТЕ-ТО, и верувам дека централата мора да работи во грејната сезона. Сите други опции од аспект на горива, ќе имаме зголемвуање над 100 отсто, а ако нема природен гас, ќе треба да се грее на маузт, цената пак ќе биде слична, но од еколошки аспект, ќе претставува сериозен проблем. Парите кои ќе ги заштедиме со мазутот, ќе се потрошат на онкологија, за жал – посочи Бислимовски.
Според пресметките на РКЕ, ако еден потрошувач досега плаќал околу 1800 денари месечно за сметките за парно греење, сега сметките ќе се зголемат за 250 денари. Потенцираат дека пскапувањето е најмногу поради висината на цената на природниот гас, и додаваат дека ова се цени кои им прават проблеми и на земји од Европа.
Од РКЕ исто така посочија дека потребите количини за производство на топлинска енргија од природен гас ќе ја обезбедат компаниите кои ќе добијат лиценци за производство и дистрибуција на топлинска енергија...
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




