СО ФАКУЛТЕТ АНГАЖИРАНИ КАКО ХИГИЕНИЧАРКИ, ОСТАНУВААТ И ДОПОЛНИТЕЛНО: Што е тоа што младите прифаќаат да го работат во странство, а овде не сакаат?
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2025 07:39
Младите од Македонија кога ќе заминат во странство прифаќаат и ангажмани кои не се по струка, работат прекувремено, патуваат до работното место и тоа се нешта кои овде ги избегнуваат. Главен мотив се парите, тоа што таму ќе бидат соодветно платени ако работат повеќе. Ако овде им е срамно да работат како хигиеничарки, како продавачки во маркет или во сендвичарница, во странство тоа го работат поради повисоките плати.
„На пример во странство нашите млади одбираат каква било работа иако се со високо образование, некои дури имаат и магистратури. Таму ќе работат, ќе прават сендвичи, ќе чистат, а овдека не сакаат, во маркет им е понижување да работат. Овде тоа го сметаат за срамно. За добивање на првата виза, влезна е поедноставен принципот за работа во Германија, а ако одат по својата струка, е потежок процес. Прифаќаат и прекувремено да работат затоа што е платено. Во однос на дисциплината, зависи. Некои ќе негодуваат, а некои ќе си бидат дисциплинирани за да не си направат проблеми. Помладите почесто негодуваат затоа што не сакаат да одат против себе. Апсолутно таму се поштедливи во однос на животните трошоци. Некогаш се со цимери, некогаш сами, зависи“, велат од скопска агенција која посредува за вработување во странство.
Луѓето кои живееле во европските земји објаснуваат дека на почетокот е тешко и повеќето нашинци живеат во скромни услови со цимери, ги минимизираат животните трошоци додека да се стабилизираат.
„Порано живеев во Германија, знам што им одговара на нашите, а што не. Парите ги привлекуваат, тоа е клучно. Оваа новата генерација има други визии. Бараат угостителска работа, софтверска, а тие физички работи што ги работевме, поретко ги прифаќаат. Сите патувавме до работа, во еден правец 100 км и назад се фаќаат вкупно 200 км. Ќе станев во 5 часот, навечер доаѓав во 19-20 часот, нема време за ништо. Таква е работата таму. И овде работникот ќе патува, ама ќе земе 500 евра, нема да земе 2.500 евра. Германците пак прифаќаа да работат во скандинавските земји, истата работа ама за поголеми плати. Младите сакаат да искусат нешто ново. Гледаат на телевизија дека убаво се живее, ама тоа е 30 отсто вистина, дали и толку. Работниците се поголеми психолози и од работодавачите, знаат дека нема работна сила и на некој начин ги уценуваат газдите, и кај нас и во Европа. Проблемот е сличен, само таму повеќе се плаќа. Таму нема време за приватни муабети, озборувања, работа си е работа и тоа е тоа. Прекувремената работа кај германските работодавачи е платена до минута. Ако сакаш да работиш екстра, има шанса. Првиот период е неминовен за секого да живее со цимери и мора на почетокот да биде така за да опстане“, вели Менсур Ризвановиќ кој живеел во Германија.
Многу млади од земјава работат во Хрватска, Германија, Малта и други дестинации каде имаат можност за добра заработка.
„Мојата ќерка имаше добра плата и не се ограничуваше за пари. Имам внук во Германија, тој менуваше работни места додека да најде подобра опција“, вели беровчанка.
Илјадници работници се одлеваат од државата и кадар фали на македонскиот пазар на труд. Македонија пак „увезува“ работници од Филипините, Непал, Индија, но тие често бегаат од земјава во други побогати држави каде можат подобро да заработат.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




