Со електронски визи на пат низ ЕУ?
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
ЕУ планира да воведе систем за електронски визи.
Ова ќе важи за сите граѓани кои не се дел од унијата, а патуваат во Шенген зоната. Државите кои имаат договор за безвизен режим ќе бидат обврзани да информираат и да платат за патувањето.
Системот за регистрација на границите е една од мерките за контрола на влезот на луѓе од трети земји. Одобрувањето на визата ќе чини 5 евра и ќе важи 5 години. Апликацијата, според сѐ уште неофицијалните информации, ќе се пополнува на посебна интернет страница на Европската Унија. Регистрирањето би траело најмногу десетина минути, а во апликацијата ќе се внесуваат податоци од пасошот. Оваа електронска виза ќе се издава на лица над 18 години. За децата под 18 години, ваква апликација нема да биде потребна и тие ќе можат да патуваат како и досега, само со важечки пасош.
Германскиот весник „Велт“ се повикува на документ од европскиот комесар за внатрешни работи Аврамопулос.
Членките на ЕУ и Европскиот парламент се очекува да ја прифатат мерката.