28 Април, 2024
0.0291

СНЕГ ВО АПРИЛ: Добро за Малешевијата, но не и за овошките ширум Македонија

Објавено во: Македонија 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

На 1 април се формираше дебела снежна покривка во земјава, а се најавуваат и ниски температури кои може да ги измрзнат овошките.

Сепак, овие снежни врнежи нема да им наштетат на овошните насади во Малешевијата, затоа што таму дрвцата уште не се расцутени.

„Овој снег нема да ги измрзне овошките во Берово и околината затоа што дрвцата во овој крај уште немаат цвет, но за другите места ќе биде лошо. Ако температурата падне до -1 степен, на удар ќе бидат кајсијата и црешата. Има најави дека на некои места температурата ќе се спушти и до -7 степени. Во Берово успеваат сливите, црешите, а јаболката се помалку застапени. Има и цреши, кајсии, но тоа се мал број на дрвца кои се засадени во дворовите. Дали снегот ќе предизвика штети зависи од тоа за каков снег се работи, дали е сув или важен снег, дали ќе имаме мраз или слана“, вели Весна Севдинска, агроном од Берово.

Иван Зафировски, агроном од Битола вели дека за оваа година завршено е со коскестото овошје.

„Кајсијата, праската, сливата е уништена во Пелагонија и во централна Македонија. Истото ќе се случи и со бадемот. Јаболката и крушите имаат шанса да ги „преживеат“ овие временски услови. Во Битола денес имаме над 20 сантиметри снег, така што родот на коскестото овошје годинава ќе биде минимален“, вели тој.

Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

Оваа зима беше сушна, но за сметка на тоа во март имаше обилни дождови, а сега во април имаме снег.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави