СНЕГ ПАЃА КАКО ДА Е ЗИМА! Србија побеле во средина на мај
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2025 12:20
Иако длабоко влеговме во пролетта, планинскиот превој Јабука, на надморска височина од 1250 метри надморска височина над Пријепоље, утрово осамна под снежна покривка.
- Снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а температурата се спушти на само 1 степен Целзиусов. Белите снегулки не беа само минлив феномен, снегот брзо се спушти и ја покри околната природа, создавајќи необична зимска атмосфера во средината на мај - раскажуваат мештаните за агенцијата РИНА.
Тие додаваат дека возачите што минуваат низ овој планински превој се изненадени од глетка што повеќе доликува на јануари отколку на средината на мај. Поради снежните врнежи и ниските температури, на возачите им се препорачува дополнителна претпазливост, особено поради можноста од појава на голомразица на коловозот.
Освен на Јабука, снег има и на Копаоник, каде што моментално паѓа снег, а температурата е нула степени, според последните мерења на српското УХМР во 9 часот утринава.
Лапавица има и во Сјеница, додека на Златибор утрово се измерени два степени, а на Црни Врх три степени.
Курир.рсМожеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




