15 Декември, 2025
0.0374

СМС ПОРАКИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА-СЕ ПОВИКУВААТ И ЛУЃЕ КОИ СЕ ТРИ ПАТИ ВАКЦИНИРАНИ: Граѓаните прашуваат „води ли некој евиденција“?

Објавено во: Македонија 07 Март, 2022 07:46

Добивај вести на Viber

Со цел зголемување на опфатот на вакцинација, неколку дена се спроведува кампањата која пред пет дена ја најави Комисијата за заразни болести. Имено, како што информираа здравствените власти, преку СМС пораки ќе се повикуваат граѓаните кои се во некоја од ризичните групи и тие практично добиваат термини за да се вакцинираат против корона вирусот.

Првенствено, СМС пораки треба да добијат граѓаните над 65 години кои имаат и некое хронично заболување и кај кои ризикот од потежок развој на болеста е поголем, но истовремено и повици ќе има и за лицата помлади од 65 години кои имаат поголем број на коморбидитети.

Но, овие денови, вакви пораки во кои стои термин и место за вакцинација добиваат и граѓани кои подолг период не живеат во Македонија, а кои патем се целосно вакцинирани и кои ја примиле и бустер дозата. Освен тоа, станува збор за млади луѓе кои немаат никакви дополнителни здравствени состојби, хронични заболувања, односно никакви коморбидитети.

-Во сето ова не гледам навистина ништо лошо. Здравствените власти се обидуваат да го зголемат процентот на вакцинација, но тешко дека ова ќе може да се реализира најдобро што може. Едноставно не се води никаква евиденција. Јас подолг период не живеам во Македонија, студирам надвор од матичната држава, но сосема на почетокот, кога практично и немаше вакцини во Македонија се пријавив на сајтот vakcinacija.mk. Набрзо потоа, иако сум студентка, и немам дополнителни здравствени потешкотии, лани во мај имав можност да ги примам двете дози вакцини во земјата во која студирам. Во декември ја примив и бустер дозата. Сега, на македонскиот број на телефонот добив порака дека имам термин за вакцинација во поликлиниката Букурешт на пункт број 4. Прашувам дали некој води некаква евиденција, некаква статистика. Зошто досега не бев исконтактирана. Стотици илјади вакцини во Македонија беа уништени. Има луѓе кои сакаат да се заштитат од Ковид-19 без разлика дали имаат коморбидитети или не, но еве, дури сега по речиси две години откако се пријавив на нашиот сајт, добивам прв пат термин за вакцинација. Ниту сум над 65 години, ниту имам хронично заболување, вели за Фактор студентката А. Б.

Инаку, според пресметките од електорнскиот систем МојТермин, 260.000 граѓани спаѓаат  високоризична група, а од нив 130.000, односно половината не се целосно вакцинирани, додека оатанатите немаат примено бустер доза. Од Комисијата за заразни болести велат дека неопходно е да се зголеми опфатот на вакцинирано население во земјава, кој во моментов изнесува само 41 процент. Од друга страна, пак првичните првичните податоци од антигенското тестирање што го спроведува Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, покажуваат дека во Македонија имаме солиден имунитет.

– Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Од анализираните 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информираше на последната прес конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Според него, врз основа на овие податоци Комисијата за заразни болести ќе решава дали би можело да се случи олабавување на рестрикциите.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија