06 Мај, 2024
0.0254

СМОГОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ЈА КОМПЛИЦИРА ЗАРАЗАТА СО КОВИД: Свесните граѓани носат маска и заради аерозагадувањето

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Карантин во Словенија, односно ограничување на движењето од 22 до 6 часот наутро, задолжително носење маски и на отворено во Бугарија, мерка која од утре стапува на сила по рекордниот број новозаразени, затворање на кафулиња, барови, ресторани во Белгија....Додека цела Европа се мобилизира во налетот на есенскиот бран на Ковид-19, кај нас се уште првиот пакет мерки кој уште во минатиот вторник го препорача Комисијата за заразни болести нема правна разрешница. Задолжителното носење маски на отворено, забрана на групирања на повеќе од четворица на јавни места по 22 часот, како и забрана за примање на повеќе од четири гости се дел од амандманите во измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести кој вчера воопшто не се ни најде пред пратениците во Собранието, а кој треба да биде усвоен по скратена постапка.

Имено, опозициската ВМРО-ДПМНЕ побарала повеќе време да ги разгледа предложените мерки, па за овој Закон на собрарниска седница ќе се дискутира дури на 27.октомври.

Според здравствените власти и епидемиолозите, ова е крајно несериозно, особено во периодов кога бројот на новозаразени е секојдневно над 400, а бројот на починати само за една недела беше 49.

-Е навистина не ми е јасен нашиот народ. Зошто таков отпор кон носењето маска и на отворено. Така треба да биде секоја доцна есен, секоја зима. Над градот надвиснува смогот, има постојано зголемена концентрација на честичките ПМ10, ПМ2. Секоја зима зборуваме за енормното загадување на воздухот и препорачуваме да не се излегува ако граѓаните немаат потреба. А глетката на носење маски и шалови преку уста не е непозната. Во оние загадувачки магли, голем дел од граѓаните носат и маски и шалови, за да се заштитат колку толку од аеро загадувањето. Смогот сега е уште поголем ризик фактор за Ковид-19, на уште поголем удар е респираторниот систем кај луѓето. Затоа свесноста за носење маска на отворено треба да биде уште поголема, изјави за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот д-р. Александар Стојанов.

Смета дека придржувањето кон мерките во огромна мера го намалува ризикот од зараза со ковид, а одлуката за затворање на сите економски субјекти во 23 ќе го спречи групирањето на младите, кои во моментов го сочинуваат највисокиот процент на позитивни на вирусот.

Истовремено, и министерот Венко Филипче и заменик министерот за здравство, Илир Хасани, ја истакнаа итноста и важноста од усвојувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, повикувајќи ја опозицијата да биде многу поодговорна.

Филипче за Канал 5 рече дека мерките за заштита од ковид-19 мора итно да се донесат.

-Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро. Да се покаже единство, нека се донесе законот едногласно за да се покаже колку е важно за сите граѓани почитувањето на заштитните мерки. Мерките не се ништо ново. Се имплементираат во многу европски земји. Почитувањето на мерките кои и сега се на сила значајно придонесуваат да се запре ширењето на инфекцијата. Пред нас е најризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во коишто може да се комплицира епидемиолошката ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други заболувања, сезонски грип и настинки, рече министерот Филипче.

Инаку, Владата вчера ги усвои предлозите кои Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, како и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. Исто така, прифатена е препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или  редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите. 

Овие мерки стапуваат на сила одденеска по објавувањето во Службен весник. За нив не се потребни никакви законски измени.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува