13 Мај, 2024
0.0251

Сметките за вода може да се плаќаат и преку интернет

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Преку интернет отсега ќе може да се плаќаат сметките за потрошена вода, со помош на онлајн софтверот што ЈП “Водовод и канализација“ го промовираше денеска.
-Следејќи го трендот на современото живеење во кои граѓаните веќе ги користат онлајн сервисите,  ЈП “Водовод и канализација“ изготви интернет апликација преку која корисниците на нашите услуги ќе можат на многу едноставен начин да ги подмират своите сметки за вода и канализација. Со овој систем корисниците покрај квалитетна и технички исправна вода добиваат уште еден бенефит а тоа е заштеда на време.
Имено наместо да ги плаќаат сметките на класичен начин на нашите пунктови и да губат непотребно време сега ќе можат да си ги подмират сметките а притоа да потрошат само неколку минути. Исто така покрај оваа програма во правец на транспарентно работење на ЈП„Водовод и канализација“ имаме и веб сајт и Facebook апликација преку која корисниците имаат прилика во секое време да погледнат каде има дефект и кога ќе биде саниран, моментални проекти на компанијата како и идни планови. Морам да напомена дека компанијата е отворена за сугестии и коментари од страна на граѓаните кои понатаму се разгледуваат и се имплементираат во работењето на компанијата“, изјави директорот на ЈП “Водовод и канализација“ Стојан Србиновски.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН