05 Декември, 2025
0.0306

СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА ЗА КРИЗНИТЕ МЕСЕЦИ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ НА РАТИ - евтина тарифа цел ден не е можна

Објавено во: Македонија 27 Март, 2020 11:11

Добивај вести на Viber

Сметките на граѓаните за струја за март, април и мај ќе се плаќаат на рати. Регулаторната комисија за енергетика, во соработка со енергетските компании, веќе прави анализи и бара начин како да им овозможи на граѓаните овие сметки да ги плаќаат на период од повеќе месеци. 

Ова за Фактор го потврди првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. 

Тоа ќе се направи со цел да им се помогне на граѓаните да го пребродат тешкиот период на кризата која е предизвиката поради коронавирусот.

Засега не се знае колкав би бил точно бројот на ратите, но се прават напори тие да бидат навистина во доволен број и поволни за грѓаните.

Доколку кризата потрае, можно е ова да важи и за некои наредни месеци.

Исто така, голем број граѓани што беа исклучени од снабдувањето со електрична енергија, поради неплатени долгови, сега во овој период повторно се приклучуваат, со цел полесно да ја пребродат кризата, особено ранливите категории.

Плановите за рати во плаќањето на сметките доаѓа како одговор на голем број граѓански иницијативи, со кои се бара граѓаните да ја плаќаат струјата по евтината тарифа во текот на целиот ден, наместо по два часа дневно, освен во недела кога евтина струја има целиото деноноќие.

Но, воведување на евтина тарифа во текот на целото деноноќие е невозможно да се воведе, објаснува Бислимовски за Фактор. За тоа, според него, постојат повеќе причини. 

„За да се воведе евтина тарифа, треба да се сменат околу 650 илјди броила. За тоа, вработените од Електродистрибуција треба да излезат на терен и да ги сменат броилата. Бидејќи, ние немаме далечинско за да ги смениме броилата, тоа не се прави од канчеларија. А факт е дека околу 200 илјади броила се внатре во самите домови, односно во ходниците, или во тремовите во нивните куќи, што значи дека е неопходен контакт со тие граѓани. Разговаравме со здравствените власти дали е упатно ова да го направиме, и оттаму ни укажаа дека тоа би било вистинска ‚темпирана бомба', односно многу ризично од аспект на ширењето на коронавирусот, бидејќи треба да се влезе во секој дом“, објаснува Бислимовски.

Сега, вели првиот човек на РКЕ, се шири нова иницијатива, а таа е да не се менуваат броилата, туку автоматски целата струја да се плаќа по евтината тарифа. Но, мора да се има предвид економскиот момент.

„Во овој период наплатата на сметките за струја е само 30 отсто. Исто така, намалени се и приходите на МЕПСО и на ЕЛЕМ. Кај МЕПСО само во првиот квартал се намалени приходите за 3,5 милиони евра од прекуграничниот преносен капацитет, бидејќи и обемот на тргување е паднат во целиот регион. ЕЛЕМ, пак, не може да остварува приходи од продажба на вишоци, бидејќи и побарувачката е намалена, па ако лани овој период тој приход кај нив изнесуваше 8 милиони евра, сега е нула“, објаснува Бислимовски.

Регулаторите направиле анализа која покажала дека доколку се воведе евтина тарифа, месечната сметка за струја кај едно домаќинство би се намалила за 400 денари. За зметка на тоа, пак, трошокот на целиот енергетски систем од воведување евтина тарифа преку цел ден е околу 5,5 милиони евра.

„Тие пари можат да се обезбедат прво преку буџетот на државата, а знаеме во каква критична состојба е буџетот бидејќи се неопходни средства пред се за здравствениот систем, но и за помош на стопанството и спречување на економската криза. Или, пак, втората опција би била да се качи цената на струја во наредниот период, откако ќе помине коронакризата. Бидејќи, овие загуби од 5,5 милиони евра ќе мора од некаде да се платат. Исто така, кога ќе помине кризата, и кога компаниите ќе почнат да работат, не смеат да се доведат во ситуација да имаат испади со електричната енергија“, објаснува Бислимовски.

Сега енергетските власти, вели тој, се водат од клучната работа, а таа е во целиот овој период да се одржи стабилен енергетскиот систем и да нема испади, односно да се обезбеди редовно и постојано снабдување со струја за потрошувачите. Бидејќи, ако дојде до испади, тогаш бадијала ни е и скапа и евтина струја“, објаснува првиот човек на РКЕ.

Тој нагласува и дека земјава е единствена во регионот каде постои евтина дневна тарифа на струјата. А и кога таа се воведуваше, имаше забелешки од Енергетската заедница.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите